Пилешко со сусам на азиски начин 

Ајде гурмански да отпатуваме во Азија и да ги дегустираме нејзините популарни специјалитети. Овој пат наш избор е популарното пилешко со сусам и мед, во здрава и вкусна верзија! 

Рецептот најчесто се прави со пржење, но за сите кои сакаат да се хранат здраво – ова е идеалната верзија која се приготвува со печење. На овој начин се намалуваат калориите, а може да се ужива во вкусната храна. 

пилешко со сусам и мед

Состојки:

  • 700 г пилешки стек
  • ½ мала лажичка сол
  • ½ мала лажичка мелен црн пипер
  • 1 чаша брашно
  • 2 јајца
  • 2 лажици млеко. 

За сос:

  • ½ чаша мед
  • ½ чаша соја сос
  • ¼ чаша оцет од ориз – во замена може да се користи бел вински оцет
  • ¼ чаша кечап
  • 1 мала лажичка кафеав шеќер
  • 1 лажица масло од сусам од Фила
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица скроб (густин) + 1 лажица вода
  • 1 лажица сусам.

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Тавата обложете ја со хартија за печење. 
  2. Пилешкото исечкајте го на коцки и зачинете го со сол и мелен црн пипер. 
  3. Во длабок сад ставете го брашното. Во друг сад изматете ги јајцата и млекото. 
  4. Парчињата пилешко  панирајте ги. Прво ставете ги во садот со брашното, потоа во садот со изматените јајца. На крај повторно набрашнете ги. Наредете ги во тавата и печете ги 15-16 минути. 
  5. Во мало тенџере подгответе го сосот. Измешајте ги медот, соја сосот, оцетот, кечапот, кафеавиот шеќер, маслото од сусам и лукот. 
  6. Скробот измешајте го со водата. 
  7. Тенџерето ставете го на оган и додајте ја растворениот скроб. Мешајте околу 2 минути додека сосот се згусти. 
  8. Печеното пилешко месо ставете го во чинија и додајте го сосот. Измешајте ги, а потоа повторно вратете го пилешкото да се пече уште 10 минути. Сервирајте го со варен ориз, поросете го со сусам и сечкани перца од млад кромид. На здравје!
Нутритивна анализа на пилешко со сусам и мед

Совети плус:

Маслото од сусам е задолжително за подготовка на рецептот и го дава карактеристичниот вкус на ова ориентално јадење. Кај нас масло од сусам може да се најде во поголемите маркети или да се набави онлајн преку веб продавницата на Фила. 

Фила е македонска иновативна компанија која произведува ладно цедени масла од различни семиња: сончоглед, сусам, лен, маслодајна репа, црно семе…

ладно цедено масло од сусам

 Дознај повеќе за употребата на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.

*Рецептот е овозможен од Фила.

Сподели: