Поинаква мусака од ориз и мелено месо 1

Поинаква мусака од ориз и мелено месо

Сите сме слушнале за мусака, но може да се каже дека ретко кој има пробано ваква! Ако сакате да си го разубавите секојдневието и да имате на трпезата малку поинакво јадење, најтопло ви препорачуваме да ја пробате оваа мусака од ориз и мелено месо.

И благодариме на Невена за несебичното споделување на своите идеи и за тоа што ни припреми вака вкусен рецепт.

Поинаква мусака од ориз и мелено месо 2

Состојки:

  • 300 гр ориз
  • 500 гр мелено месо
  • ½ главица кромид
  • 1 морков
  • 1 лажица вегета
  • ½ лажиче црн пипер
  • 1 лажиче црвенa пипер
  • 100 гр кашкавал
  • 4 -5 лажици масло.

За прелив:

  • 3 јајца
  • 200 гр кисела павлака
  • 300 мл млеко.

Подготовка:

  1. Кромидот и морковот ситно исечкајте ги и пропржете ги во малку масло.
  2. Потоа додадете ги месото и зачините. Измешајте и убаво испржете  ги сите состојки.
  3. Оризот сварете го во посолена вода и исцедете го.
  4. За ваквата мусака од ориз и мелено месо, ќе ви биде потребно да припремите помало плехче. Намачкајте го со путер и наросете го со лебни трошки.
  5. Ставете половина од оризот и наредете половина од кашкавалот исечен на парчиња или изрендан.
  6. Потоа наредете го месото , повторно ставете кашкавал и на крај додајте го остатокот од оризот.
  7. Измешајте ги јајцата со млекото и павлаката, па прелијте ја мусаката одозгора.
  8. Ставете ја да се потпечи околу 10-15 минути на 200 степени.

Готовата мусака од ориз и мелено месо е најубава кога се служи топла, а како прилог можете да сервирате и салата. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Солена торта од ориз и пилешко.

Сподели: