мафини со фил од пудинг

Полнети мафини со фил од пудинг

Клара ни припреми полнети мафини со фил од пудинг на кои нема да може да одолеете! Овај пат ви го презентираме рецептот за мафини припремени со во пудинг од малини, но може да изберете пудинг по ваша желба и да направите сочни мафини по ваш вкус.

мафини со фил од пудинг

Состојки:

  • 2 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 1 филџан масло
  • 1 филџан минерална газирана вода
  • ½ ќесичка прашок за печиво
  • 100 гр ситен кокос
  • 140 гр брашно

За фил:

  • 1 ќесичка прашок за пудинг со вкус по желба (овде е користен со вкус на малина)
  • 500 мл млеко

Подготовка:

  1. Млекото ставете го во тенџере на оган на средна температура да се вари.
  2. Прашокот за пудинг ставете го во длабока чинија. Во чинијата додајте 2 лажици шеќер и измешајте. Во чинијата постепено додавајте ладно млеко или вода и мешајте за да се добие хомогена смеса.
  3. Штом млекото ќе зоврие, во тенџерето додајте го разматениот пудинг и мешајте додека пудингот се згусни. Потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете го пудингот да се излади.
  4. Во сад за матење ставете ги јајцата и шеќерот. Изматете ги со помош на жица за матење. Во садот додајте ги маслото, газираната вода, прашокот за печиво, кокосот, брашното и добро измешајте за да се добие хомогена смеса.
  5. Во калап за мафини ставете хартиени корпички.
  6. Калапите за мафини полнете ги скоро до половина со смесата, потоа во средината ставете од изладениот пудинг и на крај прелијте повторно со преостанатата смеса.
  7. Калапот за мафини ставете го во загреена рерна на температура од 180 степени и печете додека мафините поруменат.
  8. Печените мафини со фил од пудинг извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат. По желба, послужете ги со шлаг пена и овошен прелив.

Рецептот го испратил: Клара Бос

Сподели: