Посен мезе сос од пире со зачини 1

Посен мезе сос од пире со зачини

Постите се време кога креативноста во кујната треба да го достигне својот максимум. Така настана и овој одличен и многу вкусен, а посен мезе сос. Па уште надополнет со крцкавоста на чипсот, не може да е подобро!

Топло препорачуваме да го пробате уникатниот вкус на нашата новооткриена комбинација. А уживањето во светот на вкусовите е најголемо кога се споделува со семејството и саканите, па соберете се и на здравје!

Посен мезе сос од пире со зачини 2

Состојки:

За сос:

За сервирање:

Подготовка:

  1. Прво подгответе го пирето од компири според упатството на ќесичката. При тоа, наместо млеко за да добиете посно пире, користете вода. Оставете го пирето да се излади.
  2. Од изладеното пире измерете ја потребната количина за рецептов. По желба, дуплирајте ја дозата и искористете го и останатото пире, или консумирајте го засебно.
  3. Во пирето кое сте го издвоиле за подготовка на сосот, додајте го посниот мајонез и промешајте добро.
  4. Потоа зачинете со сол по вкус или од прилика 1/2 до 1 лажиче сол. Измешајте.
  5. Додајте го пресно мелениот црн бибер од мелница со зрна. Тој ја дава аромата на сосот.
  6. Исто така, додајте ги сувото мелено нане и Буковската лута црвена пипер. Овие зачини го подобруваат вкусот и му даваат примамлив изглед на сосот.
  7. Сосот е спремен и може да го сервирате во соодветен сад. Како прилог дефинитивно ги препорачуваме солениот и тако вкусот на Бонитас чипсовите кои испробавме дека со сосот се добитна комбинација.
Посен мезе сос од пире со зачини 3

Ви препорачуваме да прочитате: Брз рецепт за посен мазник од готови кори.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: