Посен празничен леб со рузмарин и ленено семе

Посен празничен леб со рузмарин и ленено семе

Од овој рецепт излегуваат две векни посен празничен леб со рузмарин и ленено семе. Многу е декоративен, а има и богат вкус кој многу ќе го обожавате. Вештата и умешна Даниела е заслужна за прекрасниов празничен леб, затоа од срце и заблагодаруваме и со задоволство го споделуваме со вас!

Посен празничен леб со рузмарин и ленено семе

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 200 мл млака вода
  • 100 мл масло
  • 20 гр свеж квасец
  • 2 лажици свеж рузмарин
  • 2 лажици ленено семе
  • 10 зелени сечкани маслинки
  • 6-7 лажици обарен спанаќ
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол

Подготовка:

  1. Квасецот се става  длабок сад во кој се додава млаката вода, една лажица шеќер и една лажица брашно. Смесата убаво се меша и се остава квасецот да нарасне.
  2. Откако квасецот ќе нарасне во садот се додаваат брашното, солта и маслото, па тестото убаво се меси.
  3. Потоа, се остава тестото да скисне, а откако ќе скисне се додаваат сечканиот спанаќ, сечканите маслинки, рузмаринот и лененото семе и тестото повторно се меси за да се изедначат состојките и така измесено се остава да нарасне.
  4. Нараснатото тесто се става во калапи за печење, а доколку немате калапи, може да го печите во тава. Калапите или тавата треба да бидат обложени со хартија за печење.
  5. Прво ставете го да се печи во рерна загреана на 180 степени, а откако горната површина ќе добие боја на печено, намалете ја температурата на 100 степени.

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Сподели: