Прекрасен и сочен ролат со моркови и компири за сите оние кои постат! А, за оние кои постат на вода, убавото кај овој ролат е тоа што може да се подготви без масло. Идеално се комбинира со риба или месо доколку сакате да го јадете како прилог.
Овој ролат покрај што е вкусен е и декоративен, па може да го подготвите за сите семејни свечености и слави за време на пости. По желба може да користите друг фил по ваша желба. Пробајте го во прва прилика и уверете се во неговиот прекрасен вкус!

Состојки:
За кора:
- 350 г моркови
- 130 г брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 2 лажици масло
- 1 лажичка вкус
- 250 мл кисела вода.
За фил:
- 100 г моркови
- 70 г кромид
- 350 г компири
- сол по вкус
- црн пипер по вкус
- 50 мл масло
- 50 мл бујон во кој се варел зеленчукот
- 1 лажичка мешан сув зачин
- куркума по вкус.
Подготовка:
- Најпрво компирите, морковите и кромидот добро измијте ги, излупете ги и сварете ги.
- Потоа во длабок сад испасирајте со виљушка дел од морковите, а мал дел оставете за филот.
- Во садот со моркови додајте ги пресеаното брашно, прашокот за печиво, маслото, солта и киселата вода. Сите состојки добро измешајте ги додека се соединат.
- Вака подготвеното тесто распоредете го во плех обложен со хартија за печење.
- Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
- Откако кората ќе се испечи со помош на кујнска крпа завиткајте ја во ролат и оставете да се излади.
- Во меѓувреме подгответе го филот. Во длабок сад ставете ги морковите, компирите, кромидот, зеленчуковиот бујон, маслото и зачинете по вкус со сол, црн пипер, мешан сув зачин и куркума. Еден до два моркови оставете ги цели.
- Зеленчуците изблендирајте ги со помош на рачен блендер и со добиениот фил премачкајте ја кората за ролат. На едниот крај на кората ставете го варениот морков.
- Вака филованата кора завиткајте ја во ролат.
- Готовиот ролат ставете го неколку часа во фрижидер, а најдобро преку ноќ за да се стегне за полесно да се сечи. Постапката може да ја погледнете и на видео линкот, на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Печени посни пирошки со фил од компири.