Посна, вкусна и нискокалорична! Време е за домашна посна пица – Вегетаријана! Идеална е за време на пости, кога си во брзање и кога сакаш да каснеш пица (а да има помалку калории).
Често користам готово тесто за пица, за да заштедам време, но секако убава ќе биде и со домашно тесто. Ја направив со свежи зеленчуци по мој вкус, а по желба може да се додаде и кромид, сечкана тиквичка, сусам…

Состојки:
- 1 тесто за пица
- 2-3 лажици кечап
- ½ мала лажичка оригано
- 100 г Vegan Natura (посен производ за замена на кашкавал)
- 2-3 поголеми шампињони
- ½ сечкана зелена пиперка
- ½ сечкана црвена пиперка
- ½ сечкан домат на коцки
- 2-3 сечкани маслинки
- ¼ чаша замрзната пченка
- Листови босилек за декорација
- 1 лажица брашно (за посипување на тавата).
Подготовка:
- Шампињоните исчекајте ги на листови, а пиперките на кругови. Извадете ги семките од маслинките, а потоа маслинките исечкајте ги на кругови. Доматот исечкајте го на коцки.
- Посниот кашкавал изрендајте го на крупната страна на рендето.
- Тавата за печење посипете ја со брашно.
- Тестото за пица ставете го во тавата и премачкајте го со кечап, поросете оригано и додајте го ренданиот кашкавал.
- Потоа додајте ги сечканите шампињони, пиперки, домати и маслинки. Додајте ја и пченката.
- Печете во загреана рерна на 250 степени за време од 10 минути.
- Печената посна пица извадете ја од рерната и оставете ја кратко да се излади. Декорирајте ја со листови босилек и послужете ја додека е топла. На здравје!

Совети плус:
- За подготовката користев домашен кечап, приготвен по овој рецепт – Домашен кечап без конзерванси.
- Тавата за печење може да ја поросите и со пченкарно брашно.
Ти се допадна оваа пица? Ако ти требаат идеи за посни рецепти, разгледај ги моите профили и заследи ме на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.

Може да ти се допадне и рецептот за Печени посни ролнички со тиквички и моркови – од кујната на Марија Кочовска.
*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.