посна руска салата мала

Посна руска салата – од кујната на Марија Кочовска

Секој период од годината има своја убавина! А овој перидот на слави и имендени е симбол на есента и зимата. По тој повод ви припремив уште една убава и брза посна руска салата.

Едноставна е, а се приготвува многу брзо. Сите знаеме дека кога се чека слава и именден, активности има многу, а време малку. Затоа, јас користам замрзнати и веќе исечкани зеленчуци за руска салата. А за да го збогатам вкусот и да потсетува на класичната руска салата – додавам посен кашкавал – Vegan Natura

посна руска салата рецепт од Марија Кочовска

Состојки:

  • 1 пакетче – 450 г замрзнати зеленчуци за руска салата
  • 3-4 кисели краставички
  • 100 г Vegan Natura од Млекара Тетово (посен производ за замена на кашкавал)
  • 3-4 лажици посен мајонез
  • Сол и мелен црн пипер по вкус. 
посна руска салата состојки

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете вода и додајте ги замрзнатите зеленчуци да се варат. Варете ги според упатството околу 15-20 минути. Варените зеленчуци оставете ги да се изладат. 
  2. Киселите краставички и кашкавалот исечкајте ги на мали коцки. 
  3. Во голема чинија додајте ги зеленчуците, сечканите краставички, кашкавалот, мајонезот и зачинете со сол и мелен црн пипер. Измешајте ги и послужете ја салатата. На здравје!
посна руска салата со посен кашкавал

Совети плус:

  1. Киселите краставички може да ги исечкаш и еден ден претходно и да ги чуваш во тегла со солило. Овој совет може да ти користи ако правиш поголеми количини на салата. 
  2. Брзата посна руска салата може да ја наравите утрото и да ја чувате во фрижидер. Пред сервирањето додајте уште малку мајонез и измешајте.

Ако ти се допадна овој рецепт, посети ги моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:

Испробај го и овој рецепт од кујната на Марија – Брза посна салата со макарони и златна мешавина.

*Рецептот е поддржан од Млекара Тетово.

Сподели: