чоколадна посна торта 1

Рецепт за посна чоколадна торта без масло

Со едноставни состојки до супер чоколадна торта! Ако постите, сте веган или сакате да направите лесна торта со само неколку состојки кои ги имате во вашата кујна ви предлагаме да ја пробате посната чоколадна торта без масло. И овој пат Невена ни испрати брз и едноставен рецепт за посна чоколадна торта, а ние и благодариме за одличната фотографија и споделениот рецепт.

Ајде да ја пробаме оваа торта!

посна чоколадна торта

Состојки:

  • 300 грама брашно
  • 190 грама шеќер
  • 45 грама какао
  • 1 ќесичка прашак за печиво
  • 340 мл вода
  • екстракт од ванила или ванилин шеќер
  • рендана кора од еден портокал
  • по желба сува брусница, суво грозје или чоколадни капки.

Подготовка:

  1. Брашното, какаото и прашокот за печиво ставете ги во длабок сад и измешајте ги. Потоа просејте ги со помош на сито.
  2. Во садот со брашното, додајте ги шеќерот и измешајте. Додајте половина од водата и убаво измешајте со жица за матење. Потоа додајте ја преостаната вода и измешајте за да се изедначи смесата.
  3. Смесата ставете ја во правоаголна тава или силиконски калап за леб. Одозгора, по желба, може да се ставаат чоколадни капки, сува брусница или суво грозје.
  4. Тортата печете ја во предходно загреана рерна на 160 степени за време од 45 минути. Печената торта оставете ја да лади покриена со алуминиумска фолија и крпа.
    Пред служење, изладената посна чоколадна торта посипете ја со шеќер во прав.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска

Ви предлагаме да прочитате: Брза посна торта со кокос и портокал.

Сподели: