Доколку немате идеја што вкусно да подготвите за време на постите, ние имаме супер предлог за вас. Направете си посни кифлички без масло, кои се погодни и за постење во строги пости кога се готви на вода. Тие се меки и вкусни, па кој би рекол дека и посното не може да биде вкусно?
Уживајте во постите со меки домашни кифлички. Одлични за слави, имендени и други семејни прослави, па и за секој ден кога немате баш многу намирници на располагање, а ви се јаде нешто месено и домашно.

Состојки:
- 400 мл млака вода
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка куркума
- 2 лажички сол
- 1 лажичка киселина
- 20 г свеж квасец
- 700- 750 г брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
Смеса за премачкување:
- 100 мл вода
- 1 лажичка брашно
- малку сол.
Подготовка:
- Во длабок сад за месење ставете ги квасецот, шеќерот, 1 лажичка брашно и малку млака вода. Измешајте ги сите состојки и садот ставете го на топло месото 10-тина минути за да се активира квасецот.
- Брашното пресејте го и измешајте го со прашокот за печиво.
- Откако квасецот ќе нарасне, во садот додајте ги претходно припременото брашно, солта, куркумата, остатокот од водата и киселината. Брашното додавајте го полека, по потреба додека замесите меко тесто.
- Замесеното тесто покријте го со кујнска крпа и оставете го да нарасне околу 30 минути.
- Откако тестото ќе го удвои својот волумен, кратко размесете го и поделете го на два дела.
- И двата дела расучете ги во кора со кружна форма. Во зависност од тоа колкави сакате да ви бидат кифличките секој од круговите поделете го на осмини, а за помали кифлички извадете 12 „триаголници“ од кружното тесто.
- Секој „триаголник“ засечете на две места на средината и завиткајте го во форма на кифла. Постапката повторувајте ја додека го потрошите целото тесто.
- Готовите кифлички наредете ги во плех за печење кој може да го обложите со хартија за печење или да го поросите со брашно. Вака подготвените кифлички оставете ги да надојдат и да да ја дуплираат својата големина.
- Во меѓувреме подгответе ја смесата за премачкување. Во сад зовријте ја водата со сол и брашно.
- Откако кифличките ќе ја дуплираат својата големина, може да ги премачкате со подготвената жешка смеса од брашно, сол и вода. По желба поросете ги со сусам.
- Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути.
- Печените кифлички покријте ги со кујнска крпа. На тој начин кифличките ќе бидат меки внатре, а ќе имаат крцкава кора. Послужете ги додека се топли. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Посни кифли со фил од печурки и компири.