Посни крофни

Пробајте го нашиот рецепт за посни крофни со лимон. Даниела е наша редовна авторка и многу талентирана во кујна, а овој рецепт доаѓа токму од нејзините вешти раце. 

посни крофни

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 300 мл топла вода
  • 9 лажици масло
  • 1 квасец
  • 1/2 лажица сол
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лимон
  • 50 гр шеќер во прав за посипување
  • 500 мл масло за пржење.

Подготовка:

  1. Квасецот се става во длабок сад, па во садот се додава водата заедно со шеќерот и 2-3 лажици брашно.
  2. Брашното се просејува и се додава во садот со квасецот.
  3. Во садот се додаваат солта и маслото.
  4. По желба во благите крофни изрендајте ја кората од лимонот, а ако не сакате, може да го изоставите, што почесто е случај доколку се одлучите за солена варијанта.
  5. Тестото се остава да нарасне, а потоа на набрашнета маса со помош на чаша се сечат крофни.
  6. Потоа крофните се оставаат во набрашнет плех да нараснат.
  7. Нараснатите посни крофни се пржат во масло кое не е многу врело, додека заруменат од двете страни. Додека се топли се поросуваат со шеќер во прав.

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Сподели: