Прилепските посни сарми се надалеку познати по својата уникатност! Многу малечки како палче, велат прилепчани. Тие се вкусно и хранливо богатство од витамин Ц и често застапени на посните трпезите за куќните слави, а еве како може да ги направите по оригинален рецепт баш на прилепски начин!

Состојки:
- 4 помали кисели зелки
- 200 мл масло
- 4 лажици црвен пипер
- црн пипер
За полнеж:
- 500 гр ориз
- 1 лажиче сол
- црн пипер
- 300 мл масло
Подготовка:
- Оризот, црниот пипер, солта, црвениот пипер и маслото се мешаат заедно.
- Се сечат листови од зелката на мали парчиња.
- Се става по малку од полнежот од ориз и се виткаат, па се стегнуваат во рака да бидат цврсти.
- На дното од тенџерото се поставуваат листови од зелка и се редат, кога ќе се исполни првиот ред се потура со малку масло, црвен и црн пипер.
- Потоа се реди вториот дел и повторно се потура со масло, црвен и црн пипер.
- Се покрива со листови од зелка и се долева вода, се вари 3-4 саати.
Рецептот го испратил: Маја Долеска.