Кремасти и сочни посни ќофтиња од грашок, совршени за мезе, за сендвичи и такоси! Приготвени во нашата кујна за сите љубители на посни, вегански рецепти.
Направете ги и послужете ги со сос, па уживајте во светот на вкусовите! Подготовката е лесна и брза, а од наведените состојки ќе добиете 16 вкусни ќофтиња. Ако ви останат може да ги замрзнете и да ги користите по потреба.

Состојки:
- 500 грама варен грашок од конзерва
- 3 полни лажици брашно
- 1 мала лажичка мешан зачин Дафинка
- свежо мелен црн бибер од Витаминка
- лук во прав по вкус
- лебни трошки по потреба
- Брилијант масло за пржење.
За сос:
- 3 полни лажици посен Витанез мајонез
- свежо мелен црн бибер од Витаминка
- оригано од Витаминка
- 1/2 лажица свежо цеден сок од лимон по желба.

Подготовка:
- Грашокот ставете го во сечко или блендер и миксирајте го додека добиете хомогена густа смеса.
- Мелениот грашок ставете го во длабок сад, додајте брашно, Дафинка по вкус, свежо мелен црн бибер од Витаминка и зачинете со лук во прав. Измешајте ја смесата со лажица.
- Со помош на намрсени раце формирајте топчиња со големина на орев. Готовите топчиња извалкајте ги во лебни трошки.
- На оган ставете нелеплива тава да се загрее. Во тавата додајте поголема количина на Брилијант масло. Штом маслото се загрее ставете ги топчињата. Пржете ги од едната страна за време од 2 до 3 минути, а потоа свртете ги и продолжете со пржењето уште 2 минути додека ќофтињата поруменат.
- Пржените ќофтиња од грашок извадете ги врз кујнска салфетка и оставете ги околу 5 минути за да се впие вишокот на масло.
- Во меѓувреме подгответе го сосот. Во мала чинија ставете ги посниот мајонез, мелениот црн бибер, ориганото и сокот од лимон. Измешајте ги и сервирајте ги во сад за сос.
- Ќофтињата декорирајте ги со Витанез и свежо нане, и послужете ги со приготвениот сос. На здравје!


Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен и брз рецепт за похувани пилешки копани.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.