Природни начини да ја ублажите мигрената 1

Природни начини да ја ублажите мигрената

Оние кои патат од мигрена едвај чекаат да се ослободат од ужасната болка која се појавува. Сепак, многумина кои ја почувствувале не знаат како да спречат влошување на состојбата или пак како да ја подобрат. Исхраната, растителна терапија и одредени суплементи можат да доведат до природно олеснување на мигренозните болки кај пациентите.

Елиминирајте ги адитивите и вештачките засладувачи

Познато е дека засладувачите, конзервансите, засилувачите на вкус, а посебно мононатриум глутаминатот, кај некои лица може да предизвикаат реакции кои доведуваат до мигренозни главоболки.

Вештачките засладувачи, како што се аспартам, сахарин и спленда, не се без пропратни ефекти. Во врска со аспартамот има 92 извештаи од FDA во 1992 година, кои тврдат дека е токсичен и привремено бил повлечен, а потоа повторно вратен во употреба.

Намирници кои ги влошуваат мигренозните главоболки

Ако имате проблем со мигрена би требало да избегнувате некои намирници. Тука се и некои кои вообичаено ги консумираме, а не сме свесни дека може да влијаат на тој начин. Такви се чоколадо, алкохол, кофеинските напитоци – кафе, црн чај, кока кола и енергетските напитоци, газирани и слатки напитоци, рафиниран шеќер, житарици кои  содржат глутен (пченица, јачмен и рж), зрели сирења и кикиритки.

Природни начини да ја ублажите мигрената 2

Што помага при мигрена?

Лаванда

Лавандата се користи за смирување на нервите, а делува ублажувачки и на мигрената. Лавандата го смирува воспалението кое се јавува на крвните садови за време на мигрената, ги опушта спазматичните мускули, посебно оние окулу очите и предниот дел на главата. Можете да употребите сушени цветови лаванда и да направите топла облога која ќе ја употребите во случај на напад.

Исто така може да направите чај од суви листови на лаванда со вода која врие и да го оставите да стои барем 15 минути. По желба засладете го и испијте го полека во текот на денот.

Триптофан

Оваа аминокиселина го стимулира производството на неуротрансмитерот допамин во мозокот, а тој допринесува за ослободување на серотонин – хормонот на среќата. Олеснувањето на мигрената често доаѓа благодарение на серотонинот кој го подобрува расположението и ја намалува тензијата, ги опушта ситните мускули околу капиларите во пределот на главата. Значајни извори на триптофан се тофу, семе од тикви, сусамово семе, бадеми, ореви, грав и банани.

Ѓумбир, нане и лута пиперка

Можете да ги користите вообичаените кујнски зачини како што е нането, ѓумбирот и лутата пиперка за да ја ублажите мигрената. Ѓумбирот и нането можат да помогнат да се намали мачнината која доаѓа со мигрената. Направете чајна мешавина со овие три состојки. Во сад турете 2 шолји вода, оставете да проврие, тргнете ја од оган и ставете малку лута пиперка, парче свеж ѓумбир (околу 2.5 см), лажичка чај од нане и оставете да стои барем 15 минути. Процедете и засладете со мед. Овој чај сигурно ќе ви помогне.

Ви препорачуваме да прочитате:Најдобрите природни лекови за главоболка.

Сподели: