Рецепт за популарната шах торта

Ако досега сте се воодушевувале на домаќинките кои ја правеле оваа шах торта, сега ви тврдиме дека и вие можете да ја направите дома. Изгледа привлечно, а постапката за правење на шах торта е неверојатно лесна!

Ве очекува роденден, прослава или сакате да ги изненадите најблиските? Оваа торта е најдоброто решение за вас. Не е потребно да поседувате голем талент за изработка на колачи и торти, а доволно е да одвоите малку време. За совршен резултат следете ги инструкциите и погледнете го краткото видео на кое е претставена тајната за подготовка на шах торта.

Состојки:

Пандишпан од ванила:

  • ¾ чаша бело брашно
  • ¾ мала лажичка пециво
  • 3 јајца
  • ¾ чаша масло
  • ¾ чаша шеќер
  • ¾ мала лажичка екстракт од ванила.

Пандишпан од чоколадо:

  • ¾ чаша брашно бело брашно
  • 3 лажици какао
  • ¾ мала лажичка пециво
  • прстофат сода бикабона
  • 3 јајца
  • ¾ чаша масло
  • ¾ чаша шеќер
  • ¼ мала лажичка екстракт од ванила.

Чоколаден крем:

  • 100 грама путер
  • 100 грама шеќер во прав
  • 3 лажици млеко
  • 4 лажици какао
  • 500 мл слатка павлака.

Подготовка:

  1. Прво пригответе го пандишпанот од ванила. Приклучете ја рерната на 180 степени да се загрева.  Брашното измешајте го со прашокот за печиво. Во длабок сад ставете ги шеќерот во прав и маслото, и измешајте ги добро. Додајте ги јајцата едно по едно во смесата и матете ги со миксер додека се постигни хомогена смеса. Во садот со јајцата, додајте ги брашно и прашок за печиво, и добро измешајте со лажица. Потоа додајте екстракт од ванила и малку сол.
  2. Калапот за торта премачкајте го со путер, а по желба наместо путер може да ставите хартија за печење. Смесата за пандишпан ставете ја во загреената рерна и печете за време од 20 до 25 минути. Кога пандишпанот е печен, отстранете го калапот и оставете го да се излади.
  3. Додека се пече пандишпанот од ванила пригответе го вториот пандишпан од чоколадо. Брашното измешајте го со какаото и прашокот за печиво. Во длабок сад ставете ги шеќерот во прав и маслото, и измешајте ги добро. Додајте ги јајцата едно по едно во смесата и матете ги со миксер додека се постигни хомогена смеса. Во садот со јајцата, додајте ги брашно измешано со какаото и добро измешајте ја смесата со лажица. Потоа додајте екстракт од ванила и малку сол.
  4. Калапот за торта премачкајте го со путер, а по желба наместо путер може да ставите хартија за печење. Смесата за пандишпан ставете ја во загреената рерна и печете за време од 20 до 25 минути. Кога пандишпанот е печен, отстранете го калапот и оставете го да се излади.
  5. Додека вториот пандишпан се пече, пригответе го чоколадниот крем.
  6. Во сад за матење ставете го путерот, додајте шеќер во прав и изматете.  Какаото измешајте го со млеко, а потоа додајте ги во смесата од путер и шеќер.
  7. Слатката павлаката ставете ја во длабок сад и изматете ја миксер додека се постигни соодветна цврстина. Во садот со изматената слатката павлака додајте ја чоколадната смеса и измешајте со лажица за да се соединат состојките. Припремениот фил ставете го фрижидер.
  8. Кога двата пандишпани се изладени, пресечете ги хоризонтално, така да од секој пандишпан да добиете 2 дела.
  9. Побарајте два кружни калапи за да може од секој дел да добиете три помали делчиња, како што е претставено на видеото. Едниот калап треба да биде помал, а другиот поголем. На крајот треба да добиете 12 кружни парчиња торта.
  10. Врз чинија за торта наредете три парчиња пандишпан како што е прикажано на видеото. Најголемиот и најмалиот дел треба да бидат од чоколадниот пандишпан, а помеѓу нив парче од пандишпанот со вкус на ванила. Парчињата премачкајте ги со филот од чоколадо.
  11. Потоа над филот ставете две парчиња од пандишпанот од ванила, а помеѓу нив парче со средна големина од чоколадниот пандишпан. Премачкајте ги со фил. Постапката повторете ја, додека се потроши пандишпанот. Готовата шах торта премачкајте ја со останатиот фил и чувајте ја во фрижидер до послужувањето.

Ви предлагаме да прочитате: Пирамида торта со ореви и бело чоколадо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: