Ролнички од краставици со кремаст бел фил 1

Ролнички од краставици со кремаст бел фил

За да го направите овој рецепт не ви е потребна посебна стручност, ниту е неопходно да користите специфични количини на состојки. Прекрасните и декоративни ролнички од краставици се идеални за трпезата да биде прекрасна!

Идејата за рецептот ја најдовме на блогот Kuhinjica Mignone. Зависно од потребата, а и од намирниците кои ви се на располагање, лесно може да го прилагодувате бројот на свежите и вкусни ролнички. Филот е кремаст и солен, па одлично се надополнува со свежината на краставиците.

Ролнички од краставици со кремаст бел фил 2

Состојки:

  • краставици
  • фета сирење
  • кисела павлака
  • лук
  • зачини по желба (оригано, магдонос и слично).

Подготовка:

  1. Краставиците прво добро измијте ги, а потоа исечете ги на тенки ленти по должина, заедно со се кората.
  2. За филот измешајте малку фета сирење со кисела павлака, па во садот додајте ситно сечкан лук по вкус и зачини по желба.
  3. Со припремениот фил премачкајте ги претходно припремните ленти од краставици.
  4. Формирајте ролнички, а по потреба прицврстете ги со чепкалка. Послужете ги свежи, најдобро веднаш по припремата.

Добар апетит!

Ви препорачуваме да прочитате: Брановидна краставица за гарнирање.

Сподели: