руска салата со витанез

Руска салата со Витанез

Новогодишните и божиќните празници, не може да се замислат без вкусната руска салата. Сите знаеме дека, традиционално голем број семејства приготвуваат руска салата како дел од божиќната трпеза. А дали вие ќе ја приготвувате овој пат? Го споделуваме нашиот испробан рецепт за руска салата со Витанез.

Познатата и омилената руска салата има долга традиција и се подготвува во голем број земји од светот, но така претрпувала и повеќе промени во составот. За прв пат била направена во Москва, во палатата Ермитаж, од рускиот готвач Луциен Оливиер. Па затоа е позната како како руска салата или салата Оливиер.

руска салата со витанез

Состојки:

  • 6 помали компири
  • 1 морков
  • 4 варени јајца
  • 6 големи кисели краставички
  • 1 конзерва (400 грама) грашок
  • 150 грама салама
  • ситно сечкан магдонос по вкус
  • ½ чаша Витанез
  • сол по вкус
  • мелен црн пипер од Витаминка по вкус.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете поголема количина на вода да се вари. Компирите и морковот добро исчистете ги и излупете ги.
  2. Во зовриената вода додајте ги компирите и морковот. Варете ги додека омекнат за време од 20 до 30 минути.
  3. Варените компири и моркови исцедете ги, и оставете ги да се изладат. Потоа исчекајте ги.
  4. Јајцата, киселите краставички и саламата исечкајте ги на мали коцки.
  5. Во длабок сад ставете ги компирите, морковите, јајцата, киселите краставички, исцедениот грашок, саламата и магдоносот. Измешајте ги и ставете го Витанез. Зачините со сол и мелен црн пипер од Витаминка, а по потреба додајте Витанез по вкус. Готовата салата послужете ја веднаш. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Совети плус:

  • Компирите можете да ги исчекате на помали коцки пред варењето, а со тоа побрзо ќе се сварат.
  • Ако внимавате на својата линија, ви предлагаме да ја направите со Витанез Light  кој содржи до 35% помалку масти.
  • Ако сакате да ја направите во посна верзија, исклучете ги јајцата и саламата од рецептот, а користете посен Витанез.

Ви предлагаме да прочитате: Посна крем салата со цвекло и мајонез.

Сподели: