Рецептов за руски чајни колачи е стар 4 генерации. Посебно е посакуван и најмногу приготвуван за време на новогодишните и Божиќните празници. Со оглед на тоа што наближуваат со голема радост го споделуваме рецептот за кој ви се потребни само 15 минути.
Брзо и лесно, се магичните зборови кои сите ги обожаваме, а посебно во денешниот свет на безброј обврски во денот. Путерни и крцкави, со вкус на орев, тотално неодоливи!
Состојки:
- 1 шолја путер
- 1 лажица екстракт од ванила
- 6 лажици шеќер во прав
- 2 шолји брашно
- 1 шолја мелени ореви
- 1/3 шолја шеќер во прав за декорација.
Подготовка:
- Рерната загрејте ја на 180 степени.
- Во сад за месење изматете го путерот заедно со екстрактот од ванила.
- Полека додавајте ги шеќерот и брашното и месете со раце.
- Потоа додајте ги и оревите.
- Откако ќе оформите еднородна смеса, направете бомбици – односно колачи со топчеста форма.
- Обложете тава за печење со пекарска хартија и печете ги загреаната рерна околу 10-15 минути
- Кога ќе се изладат посипете ги со шеќер во прав. Сервирајте ги во хартиени калапи за сервирање и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Божиќни колачи со портокал и рум.