Домашно подготвено крцкаво и слатко уживање годи секому! Кате ни приготви многу убави рустични чајни бисквити кои се идеални за појадок со млеко или чај. Да ги пробаме!
Може да ве интересира: Крцкави колачи со цитрон и лешници.

Состојки:
- 150 гр хељдино брашно
- 100 гр спелтино брашно
- 100 гр кафеав шеќер
- 100 гр ладен путер
- 2 жолчки
- 1/2 стапче ванила или кесичка ванилин шеќер
- прстофат сол.
Подготовка:
- Во сад измешајте ги двата вида брашно и ванилата.
- Додајте го шеќерот, жолчките и прстофат сол.
- Промешајте, па додајте го путерот исечен на коцки и замесете тесто.
- Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер најмалку 1 час.
- Расукајте го тестото помеѓу 2 листа хартија за печење и исечете го на квадрати.
- Наредете ги бисквитите во плех и печете во претходно загреана рерна на 180 степени за време од 10-12 минути. На здравје!
Забелешка: Доколку при месењето тестото ви е ронливо ставете малку од белките или млеко.
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигоровска.
Ви препорачуваме да прочитате: Руски чајни колачи готови за 15 минути.