Свежа летна салата со ленено масло, просо и семиња 1

Свежа летна салата со ленено масло, просо и семиња

Од најмлади до највозрасни, сите кои ја пробаа нашата свежа летна салата со ленено масло се воодушевија комплетно! Сите тие уживаа во вкусот, а ние уживавме во нивните реакции и емоции на задоволство, па едвај чекаме да се собериме пак, за што поскоро одново да се радуваме и вкусно да се забавуваме!

Нема да ви се верува, а може дури и да ви биде чудно, но точно баш лененото масло беше инспирација за овој рецепт. Ако и вие како нас, често пати се запрашувате како може почесто да го користите лененото масло во исхраната, бидејќи знаете дека е многу здраво, а има специфичен вкус, ова е топ идеја. Само го надополнува вкусот, а она што е најдобро што ја прави исклучително богата со здрави и хранливи својства. За неговите карактеристики може да прочитате тука.

Свежа летна салата со ленено масло, просо и семиња 2

Може да ве интересира: Ленено масло за добро здравје на срцето и Масло од лен за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.

Состојки:

  • 5-6 листови од марулка или друга зелена салата
  • 1/2 краставица (исечкана на коцки)
  • 1/2 чаша неварено просо
  • 1 лажица лупен сончоглед
  • 1 рамно лажиче ленено семе од Фила
  • 2 лажици ленено масло од Фила
  • 3 ореви, односно 6 јатки од ореви
  • сол по вкус
  • 200 мл павлака
  • малку од лененото масло, ленено семе и ореви за декорација.

Подготовка:

  1. Најпрво сварете го просото, во сооднос 1:3, а во случај да сте туриле малку повеќе вода, само исцедете го. Откако ќе се свари, оставете го да се излади.
  2. Во меѓувреме, листовите марула измијте ги и оставете водата добро да се исцеди. Издробете ги на средно ситни парчиња.
  3. Краставицата измијте ја, па исечкајте ја на коцки.
  4. Во сад ставете ја издробената марулка, коцките од краставицата, додајте го изладеното и сварено просо рамномерно врз зелените состојки.
  5. Распределете го лупениот сончоглед, лененото семе и 4 од јатките ореви, кои треба претходно да се исечкани. Две од јатките оставете за декорација на салатата.
  6. Додајте го лененото масло и сол по вкус, па малку промешајте.
  7. На крај, со помош на лажиче на повеќе места ставете од павлаката. Така салатата ќе делува уште попривлечна.
  8. Декорирајте така што ќе турите уште неколку капки ленено масло одозгора врз салата. Поросете со малку ленено семе и претходно исечканите 2-те јатки кои ги оставивте за декорација. Послужете и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Смуди со јагоди и ленено масло за забрзување на метаболизмот.

Сподели: