Секоја мајка знае колку е напорен и тежок периодот на излегување на млечните заби за бебињата и малите деца. Со цел да им го олесниме овој процес, на интернет побаравме начини за намалување на болката при излегување на млечните заби. Повеќе мајки потврдија дека ладна храна како што е домашно приготвениот сладолед им помогнал на малите деца за ублажување на болката.
Доколку вашето бебе или дете јаде и друга храна освен млеко, тогаш во овој сладолед може да додадете и друго овошје по желба. Ова е одличен начин за ублажување на болката и внес на витамини.

Состојки:
- ½ чаша мајчино млеко (адаптирано млеко, растително млеко по избор)
- 1 праска (може да користите и праска од компот)
- 1 авокадо.
Начин на подготовка:
- Најпрво добро измијте ги авокадото и праската, излупете ги, отстранете им ги семките и исечете ги на парчиња.
- Потоа парчињата и млекото додајте ги во процесор за храна или во блендер и избленирајте ги. Доколку праската и авокадото ги пасирате рачно, тогаш внимавајте да не остане цело парче овошје.
- Смесата ставете ја во калапи за сладолед, а доколку немате, може да искористите калапи за коцки мраз.
- Калапите ставете ги во замрзнувач и оставете го сладоледот да се замрзни.
- Сладоледот извадете го од замрзнувачот, оставете го неколку минути да се растопи, а потоа послужете му го на вашето дете секогаш кога ќе го мачат запчињата.
Совети плус:
- Доколку наместо калап за сладолед употребивте калапи за мраз, коцките со сладолед ставете ги во специјална цуцла-хранилка со мрежичка за пробување на вкусови.
- Вака приготвениот сладолед секогаш давајте го им го на децата во ваше присуство.
- Како состојки за подготовка на сладоледот користете само веќе воведени намирници, поради опасност од алергии.
- Овошјето и зеленчукот кои ќе ги користите секогаш треба да бидат убаво измиени, излупени, исчистени од семки и добро испасирани.
Ви препорачуваме да прочитате: Здрав сладолед од јагоди и банани без шеќер.