Здрав сладолед од јагоди и банани без шеќер

Здрав сладолед од јагоди и банани без шеќер

Сега може да уживате во сладоледот без да се грижите за калориите! Направете здрав сладолед од јагоди и банани, и тоа без шеќер. Да, овој сладолед се прави само од овие две состојки.

Овошен, со убава арома и вкус. Сладоледот од банани и јагоди е совршена можност со задоволство да консумирате овошје во топлите денови, а е супер предлог и за децата. Без глутен, лактоза и идеален за овошен ден во УН диетата.

здрав сладолед од јагоди и банани

Состојки:

  • 4 големи зрели банани
  • 450 грама јагоди.

Подготовка:

  1. Излупете ги бананите и исечете ги на тенки кругови.
  2. Јагодите исечете ги на половина и заедно со бананите наредете ги во голема тава. Притоа, важно е да бидат наредени во еден слој.
  3. Вака приготвените јагоди и банани, ставете ги во замрзнувач за време од 30 минути. Бананите и јагодите не треба да бидат премногу замрзнати.
  4. Потоа, извадете ги и ставете ги во блендер. Миксирајте додека добиете хомогена смеса. Сладоледот ставете го во калапи или во поголем пластичен сад со капак.
  5. Вака приготвениот сладолед ставете го во замрзнувачот за време од 2 часа или повеќе додека се замрзни. Готовиот сладолед од јагоди и банани послужете го во чашки. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашен сладолед од јагоди.

Сподели: