Ова е наша верзија од стар рецепт за солена торта со блитва и сирење. Практична за носење, а му се допадна на сите кои ја пробаа. Одлична е за целото семејство!
Блитвата и сирењето и даваат вкус кој мами да посакате уште, а јогуртот овозможува чувство на сочност и свежина во секое залче… Верувајте, треба да пробате за да го почувствувате уживањето.
Може да ве интересира: Безглутенска солена торта со урда и зеленчук.
Состојки:
- 4 јајца
- 1 чаша јогурт
- 1 лажиче сол
- 250-300 гр сирење
- 1 и 1/2 чаша брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 2 грста сечкана блитва
- 50 мл масло.
Подготовка:
- Најпрво измијте ја и исечкајте ја блитвата.
- Јајцата матете ги со миксер додека се претворат во густ крем, односно додека убаво се познава трага од маталките.
- Сирењето изрендајте го во одделен сад.
- Потоа во садот со матените јајца додајте го јогуртот, маслото и малку промешајте со лажица.
- Додајте го брашното и печивото и убаво измешајте со лажица.
- Додајте ги сирењето и блитвата, па посолете малку по вкус – зависно од тоа колку е солено сирењето.
- Откако ќе ја измешате целата смеса, ставете ја да се печи во претходно обложена тава со хартија за печење и во загреана рерна на 180 степени. Печете околу 20 минути или додека добие румена боја површината на солената торта.
Ви препорачуваме да прочитате: Солена торта со спанаќ и изварка без глутен.