солени корпици со фил

Солени корпици со крем салата – славски рецепт од Марија Кочовска

Екстра вкусни, декоративни и супер избор за куќни слави, имендени, дружење со семејството, пријателите… Да споделам што припремив за нашата куќна слава! Солени корпици, наполнети со крем салата. Корпиците без салатата може да се приготват претходно и да се замрзнат. 

Досега ги правев во различни форми како грицки, а овој пат се одлучив да ги направам како кошнички полнети со салата. Направив за проба, а бидејќи многу ни се допаднаа на сите, количината на состојките ќе ја дуплирам. Снимив и видео од подготовката, кое може да го погледнеш надолу во текстот. 

солени корпици со крем салата и автор

Состојки:

За салата:

  • 2 лажици павлака
  • 2 лажици изварка
  • сол по вкус
  • 1/2 мала лажичка оригано
  • 1/4 мала лажичка лук во прав.
солени корпици со крем салата со производ

Подготовка:

  1. Во длабока чинија пресејте го брашното и додајте ги прашокот за печиво, солта, сусамот, пивото и маслото. Измешајте со лажица за да се соединат состојките, а потоа замесете тесто.
  2. Врз набрашнета површина ставете го тестото, а потоа со оклагија исучете кора со дебелина од 3-4 мм. Со помош на калап или чаша исечете кругови. Јас користев калап во форма на цвет. Калапот за мини мафини превртете го. 
  3. Врз секој дел ставете од исечените форми од тестото и нежно притиснете со рацете за да формирате кошничка. Постапката погледни ја на видеото, под описот на подготовката. Дното на кошничката избоцкајте го со виљушка. Печете во загреана рерна на 200 степени за време од 10-15 минути, или додека корпиците благо заруменат. Оставете ги кратко да се изладат, а потоа извадете ги од калапот.
  4. Во чинија ставете ги павлаката, изварката, солта, ориганото и лукот во прав. Измешајте и со шприц наполнете ги кошничките. Декорирајте со шери домати по желба. На здравје!

Совети плус:

  • За подготовката на славската трпеза користам Екстра бело брашно од Жито Лукс. Одлично е и за десерти, погачи, кифлички…
  • Корпиците може да ги направиш со различни семиња или јатки. Може да додадеш ленено семе, мелени кикиритки… Од наведената количина ќе добиеш околу 40 корпици. 

Ако ти се допадна овој рецепт заследи ме:

Може да те интересира: Брзи чоколадни мафини без миксер – од кујната на Марија Кочовска.

*Рецептот е поддржан од Жито Лукс.

Сподели: