Ако имате прослава која наближува, било каква свеченост, роденден или едноставно сакате да имате пријатна глетка која се дегустира, нашиот предлог за солен ролат со спанаќ и сирење е вистинска добитна комбинација!
Рецептот за овој солен ролат го направи и фотографира нашата пријателка trydiani од Бугарија, а нас многу ни се допадна и со задоволство го споделуваме со вас.

Состојки:
- 45 гр путер
- 1/3 чаша брашно
- 200 мл млеко
- 3 јајца
- 1/4 чаша пармезан или ситно рендано тврдо сирење
- 1 до 2 лажици свеж копар, сечкан
- Сол, црн пипер и морско оревче, по вкус
За фил:
- 2 чаши исечкан свеж спанаќ
- 1 чаша кромид
- 1/4 чаша рендано тврдо сирење
- 1/4 чаша печени семки од сончоглед или ореви
- 1 лажица паштета од маслинки или зелени маслинки
- 1 до 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици свеж копар, нане и лимонска трева
- Сол, црн пипер и морско оревче, по вкус
- 150 гр крем сирење или рикота (во замена може да се користи изварка)
Подготовка:
- Во тава за печење со димензии 20×20 см, ставете харија за печење, премачкајте ја со масло и посипете ја со брашно.
- Скршете ги јајцата и оддвојте ги жолчките од белките.
- Во длабока тава на оган ставете го путерот да се растопи и додадете го брашното. Прпоржете го додека добие златно-жолта боја, а потоа се налејте го млекото. Смесата постојано мешајте ја додека се згусни.
- Додадете го ренданото тврдо сирење и мешајте за да се растопи сирењето.
- Оставете го садот кратко време да се излади и потоа додадете ги жолчките една по една, и мешајте со лажица. Во смесата додадете сол по вкус, црн пипер и морско оревче и оставете ја да се излади.
- Во друг сад, пенасто изматете ги белките и внимателно додадете ги во претходно подготвената смеса со жолчките и убаво промешајте. Смесата ставете ја во подготвената тава и печете на 180ºС за време 25 – 30 минути.
- Откако ќе се испече, тавата прекривајте ја со влажна крпа и превртете го пандишпанот врз крпата. Отстранете ја хартијата за печење, а потоа се заменете ја со нова хартија и се формирајте го пандишпанот како ролат. Оставете го да се излади неколку часа или ставете 1-2 часа во ладилник.
- Подготвува на фил: Во тава на оган, ставете една лажица масло и пропржете ги спанаќот и кромидот. Зачинете со сол, црн пипер и морско оревче по вкус, додадете го кашкавалот или сирење по вкус, паштета од маслинки, зачините и печените семки. Добиената смеса може дополнително да ја миксирате во кујнски блендер со уште една лажица маслиново масло.
- Врз пандишпанот ставете крем сирење, а над него од подготвениот фил. Формирајте го ролатот, завиткајте го со алуминиумска фолија и ставете го во фрижидер да се стегне околу 3 часа. Изладениот солен ролат, исечете го на парчиња и послужете. На здравје!