Срца крофни за слатка љубов

Славете ја љубовта секој ден! А нашите автори тоа најдобро знаат да го направат. Креативни се и сакаат да експериментираат во кујната. А Диана, овој пат нѐ изненади со срца крофни.

Можете да ги направите денес и симболично да го означите празникот на љубовта, а ние ќе ви препорачаме: „Било кој ден да ги направите, нема да погрешите“. Диана вели дека овие крофни во форма на срце стојат меки дури и по неколку дена, но тешко дека ќе останат затоа што веднаш се јадат.

срца крофни

Состојки:

  • 500 г брашно
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 1 коцка свеж квасец
  • прстофат сол
  • 150 мл млако млеко
  • 50 мл масло
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • кора од портокал
  • 3 лажици рум
  • по потреба шеќер во прав
  • по потреба чоколадо за готвење
  • по потреба масло за пржење.

Подготовка:

  1. Се делат белките од жолчките. Во сад за матење се ставаат белките и се матат во цврст шлаг.
  2. Квасецот се раствора во млакото млеко со малку шеќер и брашно.
  3. Жолчките и шеќерот се ставаат во друг сад за матење. Се матат додека шеќерот се растопи, а потоа се додаваат маслото, кората од портокал, румот и квасецот. Се продолжува со матење, а крај се додаваат белките. Смесата се меша со лажица и постепено се додава брашното.
  4. Понатаму се меси со раце додека се добие убаво мазно тесто. Тестото се остава да отстои 1-2 часа, во зависност од температурата во собата.
  5. На набрашнета површина се сучи кора, се вадат срциња со калап и се оставаат да нараснат 20-тина минути.
  6. Маслото се става во тенџере да се загрее. Откако ќе се загрее се намалува температурата и се ставаат крофните да се пржат. Пржените крофни се варат врз кујнска хартија. Се наросуваат со шеќер во прав. Изладените крофни, по желба се чоколадираат со растопено чоколадо. На здравје!

Рецептот го испратил: Диана Мицевска, Diana’s Kitchen.

Сподели: