сусам погача

Сусам погача

Ако барате вкусен специјалитет за вашата трпеза, ви предлагаме да направите сусам погача, која има феноменален вкус и меко мирисно тесто. На блогот Kuhinica Mignone, го пронајдовме овој рецепт за погача кој сигурно ќе ви се допадне и вам.

сусам погача

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 50 грама свеж квасец
  • 1 мала лажичка шеќер
  • 2 мали лажички сол
  • 1 лажици киселина
  • 2 јајца
  • 150 мл масло
  • ½ литар млеко
  • 1 јајце за премачкување
  • сусам по потреба.

Подготовка:

  1. Квасецот ставете го во сад за месење и додадете 50 мл топло млеко, една лажичка шеќер и една лажичка брашно. Измешајте добро и оставете 10 минути за да нарасне квасецот.
  2. Во садот додадете ги останатите состојки и замесете средно меко тесто. Тестото оставете го да нарасне 20 минути.
  3. Потоа формирајте 6 топчиња, а секое од нив исукајте го во правоаголна кора и завиткајте го како ролат. Сплетете плетенки од два ролати, така што на крајот треба да добиете 3 плетенки (следете ги инструкциите на сликата).
  4. Калапот за печење премачкајте го со масло, а на дното ставете круг од хартија за печење. Оставете ја погачата да нарасне за време од 1 час.
  5. Пред пречење, премачкајте ја погачата со изматено јајце и наросете ја со сусам. Ставете ја во долниот дел на не загреена рерна за печење и печете ја 15 минути на 250 степени, а потоа намалете ја температурата на 200 степени и печете ја уште 30 минути. На половина печење проверете ја погачата и по потреба покријте ја со хартија за печење.
  6. Печената сусам погача оставете ја во калапот малку да се излади, а потоа внимателно извадете ја на чинија.
сусам погача

Сподели: