Сигурно и вие ќе се согласите дека баклавата направена со домашно месени кори е највкусна. Токму затоа ви го претставуваме рецептот за сучена баклава со фил од ореви.
Можеби досега не сте правеле сучена баклава, а сега секој ќе може да го направи омилениот рецепт за баклава, преку одличните инструкции кои ни ги дава Дијана.

За кори:
- 4 јајца
- низ прсти сол
- низ прсти шеќер
- 1 чаша млако млеко
- 1 чаша масло
- 1 кафено лажиче свеж сок од лимон
- по потреба брашно.
За фил:
- 400-500 грама сечкани ореви
- 4 лажици шеќер
- 200 грама пченкарен скроб
- 200 грама путер (во замена може да користите маргарин)
- 160 мл масло.
Шербет:
- 1,5 кг шеќер
- 1,5 л вода
- 3 ќесички ванилин шеќер
- сок од 1/2 лимон.
Подготовка:
- Во длабок сад се кршат јајцата и се матат со виљушка. Во садот се додаваат шеќерот и солта, па млекото, маслото, лимоновиот сок и на крај брашното по потреба, за да се замеси средно меко тесто.
- Добро измесеното тесто се дели на 3 дела. Од секој дел вадиме по 20 топчиња, така што треба да добиеме вкупно 60.
- Пченкарниот скроб го ставаме во длабока чинија.
- Секое топче го ставаме во чинијата со скробот од двете страни, а потоа го сучиме во мала кора со пречник околу 15см. Кората ја тргаме настрана и ја посипуваме со нишесте.
- Истата постапка ја повторуваме и со следните 4 топчиња. Корите од 5-те топчиња ги редиме една врз друга, а помеѓу секоја ставаме скроб.
- Потоа од нив сучиме 1 кора која треба да е тенка. Ја ставаме на чаршав да се суши додека ги подготвуваме другите кори на ист начин, од по 5 топчиња. На крај треба да добиете 12 големи кори наредени врз чаршавот.
- Следно е редењето во тава за печење со пречник од 36 см. Се ставаат 4 кори, една врз друга, па се додава половина од сечканите ореви помешани со 2 лажици шеќер. Потоа уште 4 кори, па другата половина од сечканите ореви со шеќер и последните 4 кори.
- Баклавата се сече на ромбоиди со помош на остар нож. Сечењето можи да биде во форма на цвет.
- Пред да ја ставиме да се пече ја прелеваме со жешката мешавина од путерот и маслото. Го растопуваме путерот заедно со маслото на оган и полеваме со лажица над баклавата. Оставаме малку време за да се впие путерот во корите.
- Баклавата се става да се пече во загреана рерна (5 минути на 200 степени), потоа 20 минути на 250 степени. Потоа тавата ја покриваме со алуминиумска фолија и ја намалуваме температурата на 180 степени во следните 25 минути. На крај, температурата ја намалуваме на 150 степени и продолжуваме со печење уште 60 минути. Важно е да се пече на овие температури, најпрво на појако за да разлиста, а потоа се намалува на умерено, па потивко за убаво да изврие. Печената баклава ја оставаме целосно да се излади.
- Шербетот го подготвуваме на тој начин што шеќерот и водата ги ставаме да зовријат на силен оган, а потоа намалуваме на умерен оган и продолжуваме со варење уште 25 минути, додека ја добие потребната густина. Штом зоврие шербетот и се изгуби пената, го додаваме лимоновиот сок. Пред крај се додава ванилиниот шеќер. Варениот шербет го оставаме да излади малку, да биде топол и тогаш со црпалка дел по дел ја поливаме баклавата.
- Една чаша од шербетот ставаме на оган да зоврие кратко време, па оставаме малку да се излади и се долева врз баклавата, за да има убав сјај.
- Вака приготвената сучена баклава со ореви ја оставаме неколку часа, најдобро 1 ден, па ја послужуваме. На здравје!
Рецептот го испратил: Дијана Талевска.
Ви препорачуваме да прочитате: Баклава со ореви и цимет.