„Ако не сакате претерано солено топено сирење, ви предлагам рецепт кој ќе ве освои! Проверено безброј пати и секој пат изедена целата порција со голема сладост! А, ако имате време и можност да си направите домашни фурнаринки, задоволството ќе биде уште поголемо. За сите љубители на интересни и традиционални рецепти, но во подобрена хранлива варијанта ви препорачувам да го пробате ова превкусно топено сирење од урда и кашкавал“. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
Катерина подготвува многу убави и интересни рецепти, па ви предлагаме да го пробате и нејзиниот рецепт за Мусака со спанаќ и сирење. А за повеќе рецепти заследете ја на нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.
Состојки:
- 300 г Шарпланинска урда
- 100 г Кораб кравјо сирење
- 2 лажици Кораб кисела павлака
- сол и црн пипер по вкус
- прстофат оригано
- 100 г Кораб кашкавал.
*По желба, може да ставите 400 г урда.
Подготовка:
- Во два глинени садови ставете по 150 г урда, 50 г сирење и 1 лажица павлака.
- Зачинете со сол, црн пипер и оригано по вкус. Измешајте.
- Одозгора распоредете го кашкавалот исечен на ленти и по желба поросете пд зачините уште малку, дава вкус и убав лик.
- Печете на 250 степени, 15 до 20 минути зависно од рерната. На здравје!
Препорака од авторот:
Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook:Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Брзи кифлички со јогурт и павлака.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан рецепт.