Туна салата со прелив од јогурт и семиња

Здрава, свежа салата кој може да ја послужите како додаток на ручекот или да ја консумирате за вечера. Оваа салата е една од нашите омилени со вкусен прелив од јогурт, па со задоволство ја споделуваме со вас. 

Потрагата по здрави и вкусни рецепти е наш приоритет и императив, па повелете уште еден вкусен и здрав рецепт. Неговиот хранлив состав е креиран специјално за да се чувствувате енергично и исполнети со свежина во текот не целиот ден. Изобилува со свежи намирници кои му обезбедуваат витамини, минерали и растителни влакна на организмот, како и корисни протеини и пробиотици. Здравата туна салата со марула и прелив од јогурт е полновреден оброк кој убаво ќе ве нахрани, а тоа го знаеме бидејќи е повеќе пати е испробана во нашата кујна и топло ви препорачуваме да ја пробате уште денес.

Количината на состојки е предвидена за две лица, а во една порција по лице има 328 калории, од нив 15.2 грама се масти, 11 грама се јаглени хидрати, 5.2 грама растителни влакна и 14.1 грама протеини.

салата со туна

Состојки:

  • 6-8 листови марула
  • 1 средно голем домат
  • парчиња туна од конзерва
  • рендан пармезан
  • 50 грама кашкавал по желба.

За прелив:

  • 50 мл јогурт
  • кари, куркума, мелен црн пипер
  • свеж сок од ½ лимон
  • 1 мала лажичка ленено семе
  • ½ мала лажичка чија семе
  • хималајска сол по вкус.

Подготовка:

  1. Листовите марула измијте ги и исечкајте ги.
  2. Доматот исечкајте го на кришки. Кашкавалот исечкајте го на мали коцки.
  3. Во мал длабок сад ставете го јогуртот, додајте го сокот од лимон и зачинете со кари, куркума и мелен црн пипер. Измешајте ги состојките. Во преливот додајте ги лененото семе, чија семето и посолете по вкус.
  4. Во длабока чинија ставете ја сечканата марула и додајте го преливот. Измешајте убаво. Врз марулата ставете ги парчињата туна и наросете со пармезан. Странично поставете ги кришките домат и додајте ги коцките кашкавал по желба. Приготвената салата со туна и марула послужете ја веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Свежа салата за брз метаболизам и добар имунитет.

Сподели: