чоколадна торта со пудинг

Чоколадна торта со пудинг и чоколаден крем – од кујната на Марија Кочовска

„Креирав нов рецепт и подобрен рецепт од нашата омилена чоколадна торта со пудинг! Уште побогат и полн вкус на чоколадниот фил и со сочен пандишпан. Совршен вкус за сите!

Се радуваме на родендените, а и подготовката на разни домашни јадења од кои може да се сладат најблиските. Така се роди и идејата за оваа чоколадна торта. Ви препорачувам да ја направите, а декорацијата ја оставам на вас!„ – вели Марија.

чоколадна торта со пудинг и чоколаден крем

Состојки:

  • 6 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 75 мл масло
  • 360 мл млеко
  • 15 лажици брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 3 лажици какао.

Фил:

  • 1 л млеко
  • 100 мл вода
  • 6 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од чоколадо
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 100 грама какао
  • 3 лажици шеќер
  • 240 мл млеко
  • 400 грама чоколаден крем.

Подготовка:

  1. Во сад за матење се ставаат јајцата и шеќерот. Се матат со миксер за да се растопи шеќерот и смесата да се згусти.
  2. Во чинија се ставаат брашното, прашокот за печиво, какаото, ванилиниот шеќер и убаво се мешаат.
  3. Потоа во садот со јајцата се додаваат млекото, маслото, смесата со брашното и се меша со лажица за да се изедначат состојките. Смесата за пандишпан се става во плех обложен со хартија за печење. Пандишпанот се пече во загреана рерна на 200 степени за време од 20 минути. Штом пандишпанот ќе се испече (проверете со чепкалка), извадете го од рерната и оставете го да се излади.
  4. Во меѓувреме, во тенџере на оган, на средна температура ставете 800 мл млеко да се вари. Во длабока чинија ставете ги пудинзите од чоколадо, додајте 6 лажици шеќер, 3 лажици брашно и 2 лажици какао. Измешајте ги и постепено додавајте 200 мл млеко, а по потреба додајте 100 мл вода. Штом млекото во тенџерето ќе зоврие, додајте ги пудинзите и константно мешајте за време од 2 до 3 минути, додека пудингот се згусти. Тенџерето со пудинг тргнете го од шпоретот и оставете го да се излади.
  5. Во тенџере на оган, на средна температура ставете 100 грама какао, 3 лажици шеќер и 240 мл млеко. Измешајте ги состојките, а штом шеќерот се растопи и смесата се згусти, тенџерето тргнете го од оган и оставете го филот да се излади.
  6. Двата чоколадни филови соединете ги и додајте го чоколадниот крем. Изматете со миксер за да се добие хомоген фил.
  7. Изладениот пандишпан извадете го од плехот и исечете го на 3 еднакви ленти. Секоја кора попрскајте ја со млеко. Првата лента ставете ја врз чинија за торта и нанесете 1/3 од филот. Потоа ставете ја втората лента и нанесете фил. На крај ставете ја третата кора и целата торта премачкајте ја со фил. Приготвената чоколадна торта декорирајте по ваш избор со парчиња чоколадо, чоколадни трошки, мелени лешници, бадеми и слично, и секако поканете ги пријателите за дегустација! На здравје!

И за крај, ако ти се допадна овој рецепт и сакаш да погледнеш повеќе идеи, посети ги моите профили и заследи ме:

Ви препорачуваме да прочитате: Атлантис торта – слатка морска идила за сечиј вкус.

Автор на рецепт: Марија Кочовска.

Сподели: