Често се случува да најдеме разни рецепти за десерти со јаболка, а сега ви предлагаме да го пробате вкусот на пита со јаболка приготвена како што тоа го прават во Швајцарија.
Овошно и многу убаво за лик, а уште подобро за јадење. Воопшто не е тешко да се направи. Пробајте ја, нема да зажалите!

Состојки:
- 300 гр замрзнато лиснато тесто
- 4 лажици мелени лешници
- 800 гр јаболка
- 30 гр путер
- 80 гр шеќер
- 2 јајца
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 200 мл слатка павлака.
Подготовка:
- Одмрзнете го лиснатото тесто и со помош на сукало истенчете го, а потоа со него обложете претходно припремен плех со големина 26.
- Со помош на вилушка пробушете го тестото неколку пати, па посипете ги мелените лешници.
- Јаболката измијте ги, излупете ги и исечете ги на тенки кришки.
- Путерот загрејте го во тава, а потоа додајте ги кришките јаболка малку да се продинстаат.
- Посипете 30 грама од шеќерот и динстајте уште 5 минути.
- Јајцата изматете ги, додајте го ванилиниот шеќер и остатокот од шеќерот, па смесата измешајте ја со слатката павлака.
- Рерната загрејте ја на 200 степени.
- Во меѓувременаредете ги кришките јаболка врз тестото и прелијте ги со приготвениот крем.
- Печете околу 40 минути, а потоа уживајте во слаткото задоволство. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Едноставна руска пита со јаболка.