Кој може да одолее на штрудла со јаболка и цимет? Одличен мирис, а уште подобар вкус. Има многу рецепти за подготовка на овој десерт и сите се убави на свој начин, но ние ви предлагаме да го пробате рецептот од нашата пријателка Наташа. За кратко време и со неколку едноставни состојки направете супер вкусен десерт.
Дождливите есенски денови исполнете ги со прекрасен мирис од вашата кујна. Направете вкусна штрудла со јаболка и цимет која ќе ја снема од чинијата додека трепнете. Послужете ја во комбинација со топол чај или кафе и уживајте.

Состојки:
- 500 г готови кори
- 1 кг рендани јаболка
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици гриз
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1/2 чаша сечкани ореви
- 1/2 чаша суво грозје
- цимет по вкус.
За наросување:
- шеќер во прав.
Подготовка:
- Во еден сад измешајте ги јаболката, ванилиниот шеќер, гризот, оревите и сувото грозје. Ставете цимет по вкус и измешајте за состојките да се соединат.
- Земете 5 кори. На секоја кора, освен на последната, наросете по малку масло и наредете ги една врз друга.
- Ставете од филот на почетокот од корите и завиткајте ролат.
- Истата постапката повторувајте ја со сите кори.
- Ролатите ставете ги во тава за печење и сечете ги на парчиња со големина по желба. Наросете малку масло и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, додека поруменат.
- Испечените штрудли оставете ги да се изладат и наросете ги со шеќер во прав. Послужете ги и уживајте во вкусот. На здравје!
Препорака од авторот:
- За подготовка на овој десерт потребни ви се тенки кори, за да добиете крцкава кора.
- За подготовка на филот, ако имате можност користете златен делишес, бидејќи тие јаболка се најсочни.
Автор на рецепт: Наташа Ристевска (vkusni_recepti_od_mojata_kujna).
Ви препорачуваме да прочитате: Мека штрудла со фил од мак или лешници.