брзи посни бомбици од банани и бисквити

Брзи посни бомбици со банани, готови за 3 минути

Повкусни и поедноставни нема! Пробајте ги овие брзи посни бомбици со банани и бисквити. Кога ви се каснува нешто благо или пак кога децата сакаат да помогнат во кујната и готвењето, овој рецепт е супер предлог во кој сите уживаат.

Често ги правиме, а може да бидете и креативни, па да додадете и други состојки кои ќе го надополнат вкусот. Плус тоа, може да ги замрзнете и да ги послужите по потреба.

брзи посни бомбици со банани

Состојки:

  • 2 зрели банани
  • 50 гр шеќер во прав
  • 100 гр кокос
  • 100 гр мелени бисквити
  • 1 лажица какао
  • 50 грама сечкани ореви по желба.

Подготовка:

  1. Во чинија ставете ги бананите исечкани на кругови. Испасирајте ги и ставете ги во длабок сад.
  2. Во садот додајте го шеќерот во прав, какаото, кокосот, мелените бисквити и ореви. Измешајте убаво за да се формира хомогена смеса.
  3. Од смесата формирајте бомбици со големина на орев и извалкајте ги во кокос, какао или мелени ореви по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посни бомбици со банани, кокос и чоколадо.

Сподели: