Домашен еурокрем - чоколаден намаз со лешници 1

Домашен еурокрем – чоколаден намаз со лешници

Слаткиот вкус на лешник со чоколадо и кремаста структура на еурокремот кои не враќаат во детството, сега многу лесно може да ги доловите и дома. Имаме супер рецепт за чоколаден намаз со лешници или т.н домашен еурокрем, кој со својата арома и конзистенција многу потсетува на купечкиот!

Па, направете си поздрава замена за готовиот еурокрем. Овој вкусен чоколаден намаз е без палмино масло и адитиви. Децата ќе го обожават, а и возрасните исто така.

Домашен еурокрем - чоколаден намаз со лешници 2

Состојки:

  • 100 г бело чоколадо
  • 100 г млечно чоколадо
  • 100 г црно чоколадо
  • 100 г ситно мелени печени лешници
  • 200 мл млеко
  • 150 г шеќер
  • 150 мл сончогледово масло или друго масло по желба

Подготовка:

  1. Доколку лешниците не се печени, кратко запечете ги во загреана рерна на 200 степени. Ставете ги во плех за печење обложен со мрсна хартија и печете не повеќе од 5 минути колку да ја ослободат својата арома.
  2. Потоа, завиткајте ги во чиста крпа и истријте ги од лушпите, па измелете ги со блендер или кујнски сечко.
  3. Во длабок сад на оган ставете ги млекото и шеќерот да зовријат. Мешајте за да се растопи шеќерот.
  4. Чоколадите искршете ги на коцки.
  5. Додајте ги маслото, коцките чоколадо и мелените лешници.
  6. Мешајте ги сите состојки додека добиете хомогена и изедначена смеса.
  7. Доколку ви останат покрупни парчиња лешници, вака добиената смеса измелете ја со рачен блендер.
  8. Домашниот еурокрем соберете го во чисти тегли. На здравје!

Напомена:

За правење на овој еурокрем може да користите било какво чоколадо. Исто така, сончогледовото масло може да го замените со некое друго масло по ваша желба. На пример со кокосово масло.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете сами чоколаден путер со лешници – здрав намаз.

Сподели: