интегрална посна пита

Италијанска посна интегрална пита (пјадина) со праз

Обожаваме да патуваме и да дегустираме традиционална храна! Овој пат, италијанската кујна ни ја преставува Катерина, со интересен рецепт за посна интегрална пита (пјадина) кој сигурно ќе ви се допадне.

Така наречената пјадина, односно тенка пита се пече во нелеплива тава на шпоретот. Направена од интегрално брашно, со фил од праз и суви пиперки, ветува одличен италијански вкус кој вреди да се проба.

посна интегрална пита

Состојки:

  • 100 гр пченично брашно
  • 100 гр интегрално брашно
  • ½ лажичка прашок за печиво
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица ленено семе
  • ½ лажичка сол
  • по потреба млака вода
  • За фил:
  • 1 страк праз
  • 1 сува пиперка
  • ½ лажиче лута буковска пипер
  • ½ лажичка куркума
  • по потреба сол, маслиново масло.

Подготовка:

  • Најпрвин подгответе го тестото за питите.
  • Во подлабок сад ставете ги интегралното и пченичното брашно. Додајте ги печивото, солта, лененото семе и измешајте ги.
  • Потоа, постепено додавајте ги маслото и млака вода, па замесете средно меко нелепливо тесто.
  • Тестото поделете го на 4 топчиња.
  • Покријте ги и оставете ги да отстојат за време од 20 до 30 минути.
  • Во меѓувреме во тава на оган ставете го маслиново масло и додајте ги сецканиот праз и сувата пиперка.
  • Посолете и откако ќе омекнат додајте ја куркумата и буковската пипер.
  • На намрсната работна површина од секое топче тесто расукајте што потенки кори.
  • На една кора ставете од филот и покријте со друга кора.
  • Краевите подвиткајте ги и формирајте мали витки.
  • Повторете ја постапката и со другите кори.
  • Во нелеплива тава ставте малку масло и ставете ги пјадините да се пржат, по неколку минути од двете страни. Печената посна интегрална пита со праз послужете ја додека е топла. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Брза интегрална пита со маслинки и сирење.

Сподели: