Кисела мешана салата за зимница без конзерванси

Еднаш се прави, а се јаде преку цела зима. Прв пат оваа мешана салата за зимница ја пробавме лани, па ни се допадна рецептот и го споделуваме со вас. Особено многу ќе ви се најде штом ви се најават гости, а немате време за подготовка на мезе.

Послужете ја со чашка ракија и уживајте!

мешана салата за зимница

Состојки:

  • 1 кг црвени пиперки (по можност ајварски)
  • 1 кг моркови
  • 1 кг краставички
  • 1 кг карфиол
  • 4 кг зелка
  • 1 ќесичка црн пипер во зрно
  • 500 гр шеќер
  • 300 гр сол
  • 700 мл масло
  • 800 мл бела киселина (оцет).

Подготовка:

  1. Пиперките, краставичките и морковите се мијат и се сечкаат на кругови.
  2. Зелката се ренда. Карфиолот се сечка.
  3. Сите состојки се ставаат во голем сад. Се додаваат шеќерот, солта и црниот пипер. Се мешаат убаво и се оставаат за време од 24 часа.
  4.  Потоа, се цеди течноста која ја пуштил зеленчукот и се става во посебен сад. Во него се додаваат киселината и маслото. Течноста се става на оган да зоврие. Со врелата течност се полева салата и се остава повторно за време од 24 часа.
  5. Готовата мешана салата се собира во чисти стерилни тегли и се затвора добро. Се чува на ладно место. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Руска салата – зимница.

Сподели: