„Триспратен“ клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце 1

„Триспратен“ клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце

Сите се слични, но и малку различни! Ваквите сендвичи будат посебно убави емоции и потсетуваат на лабаво дружење во некој „ланч бар“ со најблиските пријатели или саканите. Едноставно е да направите, па ви предлагаме да го пробате вака приготвениот клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце!

Висок е, па го нарековме „триспратен“, а колоритниот состав и крцкавоста на лепчињата го прават полн погодок за сечиј вкус. А, ако сте голем љубител на клуб сендвичи и сакате да погледнете и друг сличен рецепт, кликнете на линкот и прочитајте како да направите домашен клуб сендвич во комбинација со зеленчук.

„Триспратен“ клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце 2

Состојки:

  • 3 кришки леб со правоаголна форма
  • малку путер измешан со оригано за премачкување на лепчињата
  • 2-4 парчиња печеница или чаден врат, зависно од големината
  • 2 ленти кашкавал
  • 1 варено јајце исечено на кругови
  • домат исечен на кругови доволен за еден ред
  • краставица исечена на кругови, исто така за еден ред
  • листови зелена салата
  • малку павлака за премачкување на лепчињата
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Лебчињата прво премачкајте ги со мешавина од путер и оригано, па испечете ги на тостер.
  2. Откако малку ќе се изладат, едно од парчињата премачкајте го со павлаката и малку посолете.
  3. Потоа, врз него ставете парче од зелената салата, наредете од круговите домат, ставете од печеницата или вратот, половина од јајцето исечено на кругови и лентичка кашкавал.
  4. Ставете го второто испечено лепче и премачкајте го со павлака, а по желба посолете со малку сол.
  5. Одозгора ставете листови зелена салата и распоредете кругови од краставицата. Ставете повторно од печеницата или вратот, преостанатата половина од јајцето исечено на кругови и втората лентичка кашкавал.
  6. На крај, ставете го одозгора и третото тостирано лепче. Декорирајте со магдонос и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен клуб сендвич.

Сподели: