торта со капинки

Кремаст колач со капинки и пудинг

Сочно и неодоливо вкусно за сечиј вкус! Капини, пудинг од шумско овошје и чоколадо споедни во слато задоволство. Клара и овај пат ни предлага екстра рецепт за кремаст колач со капинки, пудинг од шумско овошје и чоколадо.

Секој би посакал да проба парче од овој колач, па штом имате малку слободно време, направете го.

колач со капинки

Состојки:

  • 5 јајца
  • 160 гр шеќер
  • 170 гр стопен путер или маргарин
  • 200 гр брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 700 мл млеко
  • 1 ќесичка прашок за пудинг од шумско овошје (или замена малина)
  • 1 ќесичка прашок за пудинг од чоколадо
  • 6 лажици шеќер
  • 350 гр капинки
  • 1 ќесичка ванилин шеќер.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган се ставаат 350 мл млеко да се варат на умерена температура. Прашокот за пудинг од шумско овошје се става во чинија заедно со 3 лажици шеќер. Се меша и се додава малку млеко за да се добие хомогена смеса. Во зовриеното млеко се става разматениот пудинг и се меша со лажица за време од 1 до 2 минути. Штом пудингот се згусти, тенџерето се трга од оган.
  2. Во друго тенџере се ставаат 350 мл млеко да се варат. Прашокот за пудинг од чоколадо се става во чинија заедно со 3 лажици шеќер. Се меша и се додава малку млеко за да се добие хомогена смеса. Во зовриеното млеко се става разматениот пудинг и се меша со лажица за време од 1 до 2 минути. Штом пудингот се згусти, тенџерето се трга од оган.
  3. Во сад за матење се ставаат 4 јајца. Во садот се додава шеќерот и се матат со миксер додека се добие посакуваната густина.
  4. Прашокот за печиво се меша со брашното.
  5. Во садот со изматените јајца се додаваат растопениот путер и брашното помешано со прашокот за печиво. Смесата за колачот се меша со лажица за да се соединат состојките. Половина од смесата се става во намрсен огноотпорен сад.
  6. Врз смесата се ставаат капинките и се попрскуваат со ванилиниот шеќер. Над нив се става пудингот од шумско овошје, а потоа и пудингот од чоколадото.
  7. Во сад за матење се става едно јајце и една лажица шеќер. Се мати со миксер и се додава во втората половина од смесата за колач. Смесата се меша со лажица се нанесува врз пудингот од чоколадо.
  8. Колачот се става во загреана рерна на 180 степени да се печи за време до 30 до 40 минути. Печениот колач со капинки, се вади од рерната и се остава да се излади. Потоа се сечи на коцки и се декорира со шеќер во прав и неколку капинки. По желба можете да декорирате и со шлаг пена. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Лисната овошна пита со капинки и бело вино.

Сподели: