Лековит рецепт за проширени вени

Денешниот стресен и ангажиран начин на живот води до голем број здравствени потешкотии, а проблемот со проширени вени е една од нив, посебно кај женската популација. Лековиот и природен рецепт кој следи во прилог го пробале многу жени и тврдат дека им помогнал во решавање или барем намалување на нелагодностите поврзани со проширени вени.

Покрај тоа што визуелно претставува неубава глетка и предизвикува неубави емоции кај голем број жени, здравствените промени од појавата на проширени вени се поголема пречка во секојдневниот живот. Разните терапии се скапи, а не секој може да си ги дозволи, па зато ви предлагаме да го направите овој рецепт од алтернативната медицина, за кој самиот народ посведочил дека навистина помага.

проширени вени лек

Состојки:

  • 1 литар квалитетна комова ракија
  • 50 гр сушен кантарион
  • 50 гр сушени листови од коприва
  • малку Иванова трева.

Подготовка:

  1. Во поголема тегла ставете ги сите состојки и наполнете ја до горе со комова ракија.
  2. Кога ќе го направите тоа, добро затворете ја теглата и оставете ја да стои еден месец на темно место.
  3. Откако ќе измине тој период, отворете ја теглата и процедете низ газа. Тревките впиваат доволно течност, па мора добро да ги процедите низ газата, бидејќи тие се најлековити.
  4. Така исцедената течност соберете ја во стаклено шише и чувајте го на ладно и темно место.

Употреба на лекот за проширени вени:

  • Важно е лековитата течност да се пие пред јадење.
  • Течноста се пие еднаш дневно, пред јадење по една супена лажица, а може да пиете и три пати дневно, исто пред јадење, но по една мала лажичка.

Овие капки кои се рецепт од алтернативната медицина ќе ви помогнат да ги решите вашите проблеми со вените.  Споделете го со вашите пријатели, бидејќи сигурно ќе ви бидат многу благодарни.

Сподели: