Макарони во брз сос од печурки

Ова е фантастично добар рецепт кој вреди да се проба! Сите ја обожаваме италијанската кујна, а тестенините се прв избор на многумина. Па, кога станува збор за посни јадења, наш прв избор се макароните во брз сос од печурки, на кој никој не може да одолее.

Инспирација за подготовка на рецепт ни беше посната крем супа од печурки на Витаминка, која често се наоѓа на нашата трпеза. Но, доколку не постите, можете да ги направите со крем супата од печурки и да додадете неутрална павлака за уште покремаст сос.

макарони во брз сос од печурки

Состојки:

  • 400 грама макарони
  • 4 литри вода
  • 1 лажица мешавина црн, бел, црвен бибер и морска сол од Витаминка.

За сос од печурки:

макарони во брз сос од печурки

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете 4 литри вода и додајте го зачинот од бибер и сол. Во зовриената вода додајте ги макароните и варете ги 5 минути. Варените макарони исцедете ги.
  2. Во друг сад ставете 1 литар вода и додајте ја посната крем супа од печурки. Континуирано мешајте со жица за матење додека супата зоврие. Во зовриената супа додајте ги маринираните печурки и варете за време од 5 минути.
  3. Потоа, во садот додајте ги исцедените макарони и продолжете со варењето уште 5 минути.
  4. Топлите макарони во брз сос од печурки, зачинете ги со свежо мелен црн бибер и послужете ги со ситно сечкан магдонос.

Ви предлагаме да прочитате: Пире со спанаќ и бадеми.

Сподели: