sarlota 1

Непечена Шарлота торта

Кралско засладување кое го освои сечиј вкус! Пробајте ја нашата непечена Шарлота торта приготвена со ролатите од Vincinni. Толку лесна, неодоливо сочна во вкусот и неверојатно лична. Ги заслужи сите овие пофалби, верувајте. Убава беше уште првиот ден кога ја направивме и пробавме, а уште посочна наредниот ден. Полн погодок во секоја смисла, им се допадна на сите кои ги почестивме, што нас ни причина големо задоволство.

На прв поглед, можеби ќе се запрашате како се прави, а посебно ако немате искуство. Да ве охрабриме, многу полесно од голем број десерти. Нема печење и потребни се неколку садови. Подолу во текстот ви даваме детален опис.

sarlota torta 2

Состојки:

  • 2 ролати – Swiss roll од Vincinni
  • 1 литар млеко
  • 4 прашок за пудинг од ванила
  • 6 лажици шеќер
  • 200 мл слатка павлака
  • 1 ќесичка желатин
  • 50 мл вода.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете 800 мл млеко да се вари.
  2. Во длабок сад ставете ги прашокот за пудинг од ванила и шеќерот. Измешајте ги и постепено додавајте го преостанатото млеко (200 мл).
  3. Штом млекото зоврие во садот додајте ја смесата за пудинг. Мешајте постојано за време од 2-3 минути, додека пудингот се згусти.
  4. Пудингот тргнете го од огнот и оставете го да се излади.
  5. Во меѓувреме, желатинот ставете го во сад и додајте ја водата. Оставете го желатинот да набабри.
  6. Ролатите исечете ги на парчиња со дебелина 7-10 мм. Земете длабока чинија и обложете ја со најлонска фолија. Во чинијата наредете парчиња ролат.
  7. Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг. Изладениот пудинг изматете го со слатката павлака.
  8. Желатинот растопете го на тивок оган и додајте го садот со пудингот. Продолжете со матење уште минута до две.
  9. Половина од филот со пудинг ставете во чинијата. Врз филот наредете парчиња ролат. Ставете го преостанатиот фил во чинијата. На крај, наредете парчиња ролат. Чинијата покријте ја со најлонска фолија и оставете ја во фрижидер неколку часа, а најдобро е преку ноќ.
  10. Фолијата од горната страна на чинијата отстранете ја, а потоа чинијата превртете ја врз друга рамна чинија за сервирање на торта. Отстранете ја фолијата и декорирајте ја Шарлота тортата по желба. На здравје!

Ви се допаѓа ли тортата? Разгледајте ја галеријата со фотографии, на линкот.

Ви предлагаме да прочитате: 5 лесни матурски десерти кои може да ги направите за 15 минути.

Сподели: