Ослободете се од тешките метали со песто од коријандер

Тешките метали како што се оловото, живата и алуминиумот со текот на времето се наталожуваат во организмот. Тоа може да е една од причините што често чувствуваме умор, исцрпност, безволност и лошо расположение. Дознајте како да се ослободите од овие штетни материи со помош на песто од коријандер, да си ја повратите енергијата и доброто расположение.

Нема човек кој не сака да го започне денот полн со енергија, да има висока концентрација, добро расположение, насмевка на лицето, да нема главоболки и да не е тромав. Сигурно досега никогаш не сте ни помислиле дека за сите овие тегоби може да се криви токму тешките метали кои се наталожиле во вашиот организам. Затоа организмот мора редовно да се прочистува од нив. Најдобри чистачи се оние кои се природни и незагадени. На прво место е тука коријандерот.

песто од коријандер

Краткото истражување на Д-р Омура за дејството на коријандерот и прочистувањето на организмот од тешките метали

За неговите чудотворни моќи да добијат популарност, најзаслужен е доктор Јошаки Омури. Тој лечел неколку пациенти од инфекција на окото која била предизвикана од бактеријата Chlamydia trachomatis. Докторот забележал дека симптомите кај пациентите се повлекувале на кратко, но потоа повторно се враќале. Претпоставил дека тоа се должи на малиот ефект на стандардната терапија со присуството на тешките метали кои ги оневозможувале лековите да дејствуваат. Така Д-р Омура открил дека листовите од коријандер го забрзувале процесот на елиминирање на жива, олово и алуминиум од телото. Пациентите ги користеле овие листови во супа. За да се постигнат најдобри резултати и побрзо елиминирање на токсините, коријандерот треба да се комбинира со намирници кои поседуваат природни антивирусни и антибактериски својства и се богати со омега 3 масни киселини. Во продолжение ви претставуваме супер рецепт за песто од коријандер кој е комбинација токму на овие намирници.

Состојки:

  • 4 чешњина лук
  • 1/3 чаша бразилски ореви
  • 1/3 чаша семки од сончоглед
  • 1/3 чаша семки од тиква
  • 2 чаши свежи листови коријандер
  • 2/3 чаша ленено масло
  • 4 лажици свеж сок од лимон
  • 2 лажици прав од црвена алга, а во замена може да се користи Spirulina Pacifica во прав
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Во блендер изблендирајте ги коријандерот и лененото масло.
  2. Потоа додајте ги лукот, бразилските ореви, семките од тиква и сончоглед, лимонот и црвената алга. Повторно изблендирајте додека добиете густа паста.
  3. На крај, посолете по ваш вкус.

Начин на чување и употреба:

  1. Вака приготвеното песто чувајте го во тегла која ќе ја обложите со фолија, за да ја заштитите од светлина.
  2. Теглата чувајте ја во фрижидер.
  3. Консумирајте секој ден по две лажици во рок од две недели.
  4. Ова песто е многу вкусно и може да го користите како прелив за тестенини, намаз за тост или сос за риба.

Ви препорачуваме да прочитате: Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Сподели: