Печен прокељ во рерна

Печен прокељ во рерна

Имаме нов рецепт за подготовка на прокељ! Сигурно знаете дека прокељот е многу здрав, но многу ретко може да се најдат рецепти за негова подготовка. Па затоа, на предлог од нашата пријателка Лана, го споделуваме рецептот за печен прокељ во рерна.

Вака приготвениот прокељ е посен и може ви послужи како прилог, но и самостоен оброк.

Може да ве интересира: Прокељ – моќен природен борец против ракот.

печен прокељ во рерна

Состојки:

  • 400 грама прокељ
  • маслиново масло по потреба
  • сол и црн пипер по вкус
  • зачини по желба.

Подготовка:

  1. Прокељот измијте го и пресечете го на половина, доколку главиците се покрупни. Малите главици оставете цели.
  2. Во тава ставете хартија за печење. Прокељот ставете го во тавата и попрскајте го со маслиново масло. Потоа посолете го и зачинете го со мелен црн пипер. По желба може да ставите и зачини (нане, оригано, копар…).
  3. Тавата ставете ја во загреана рерна на 200 степени за време од 20 минути додека прокељот омекне и малку карамелизира.
  4. Вака приготвениот прокељ е одличен како прилог, но може да се послужи самостојно во комбинација со песто сос или друг прелив со зачини по желба.

Ви предлагаме да прочитате: Салата од прокељ со прелив од маслиново масло и лимон.

Сподели: