Посни мекици со сончоглед и сусам

Од кујната на Катерина ни доаѓа нов рецепт за посни мекици со сончоглед и сусам! Направени со сусам и сончоглед за уште подобар вкус!

Меки, крцкави и вкусни. Токму такви се овие убави, посни мекици. Ако сте љубител на мекици, нема да згрешите доколку го пробате овој рецепт. А штом ги направите, не заборавајте да ни пишете како ви се допаднале.

posni mekici

Состојки:

  • 320 грама брашно
  • 1/4 коцка свеж квасец
  • 2 лажици масло
  • 2 лажички сончоглед
  • 2 лажички сусам
  • прстофат шеќер
  • 1 рамна лажичка сол
  • по потреба топла вода (за замесување на тестото).

Подготовка:

  1. Во сува непеплива тава, ставете ги сусамот и сончогледот да се запржат.
  2. Пржете додека почне да се чувствува мирисот на сусамот и сончогледот.
  3. Во длабок сад за месење ставете ги брашното и квасецот.
  4. Додајте ги маслото, солта, прстофат шеќер и запржените сусам и сончоглед.
  5. Со додавање на топла вода замесете меко, лепливо тесто. Тестото покријте го со кујнска крпа и оставете го да нарасне.
  6. Со намрснати раце земајте од тестото и формирајте топчиња.
  7. Секое топче развлечете го во мекица.
  8. Во тава или тенџере ставете поголема количина на масло да се загрее на средно висока температура. Штом маслото се загрее ставете ги мекиците и пржете ги од двете страни додека добијат румена боја.

Испржените мекици извадете ги на кујнска хартија, да се впие вишокот на масло. Послужете ги додека се топли со ајвар, маслинки или друг зеленчук по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предгаме да прочитате: Едноставен рецепт за посни мекици.

Сподели: