Солени мафини со спанаќ и сирење 1

Солени мафини со спанаќ и сирење

Ако не знаете каква промена да внесите во утринското мени, еве супер рецепт! Вкусни солени мафини со спанаќ и сирење се одлична опција. За надополнување на моментот, може да си направите чај или кафенце и да си сервирате во дворот или на балконот, за уживањето да биде целосно!

Солени мафини со спанаќ и сирење 2

Состојки:

  • 270 гр замрзнат или свеж спанаќ
  • 120 гр јако сирење за сечкање или рендање
  • 2 јајца
  • 100 мл млеко
  • 50 мл масло
  • 150 гр просеано брашно
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • зачини по вкус сол, црн пипер, рендано морско оревче, кромид во прав, мајоран.

Подготовка:

  1. Доколку спанаќот е свеж измијте го и исечкајте го, а доколку е замрзнат, прво одмрзнете го па исечкајте го.
  2. Сирењето исецкајте го на ситни коцкички или крупно изрендајте го.
  3. Брашното измешајте го со печивото и содата.
  4. Во поголем сад ставете ги јајцата, млекото и маслото, и убаво изматете ги со вилушка.
  5. Потоа додајте ги спанаќот, сирењето и зачините по вкус, а препорачуваме да внимавате на солта, ако сирењето е посолено доволно е само прстофат сол. Измешајте.
  6. На крај додајте го брашното и измешајте ја смесата да се изедначи.
  7. Од смесата ставајте во калап за мафини со хартиени кошнички и полнете ги скоро до горе.
  8. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени.
  9. Печете ги околу 30-на минути потоа оставете ги уште 5-6 минути во исклучена рерна.

Од вака припремената смеса ќе добиете 9 мафини. Готовите солени мафини со спанаќ и сирење послужете ги ладни со прилог од крем сирење, јогурт и слично. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Солени мафини со мелено месо.

Сподели: