Суфле со кашкавал и модар патлиџан

,,Превкусно, нискокалорично и полно со здрави состојки! Лесно јадење кое е совршен оброк за вечера и дава чувство на леснина и енергија! Нов начин да се сладите, пробајте го моето неодоливо суфле со кашкавал и модар патлиџан.” – топло препорачува Катерина Шамбевска Спасеновска.

Таа е една од уредниците на sezahrana.mk и ако сакате повеќе креативни и проверени рецепти од неа, посетете ги нејзините профили на Instagram – @katerina.shambevska и Facebook – Katerina Sambevska Spasenovska.

Суфле со кашкавал и модар патлиџан

Состојки:

За 1 порција:

  • 1/3 модар патлиџан
  • 1/2 црвен домат на коцки
  • 1/3 зелена пиперка на коцки
  • 1 лажиче путер
  • сол, црн пипер и нане по вкус
  • 3 лажици вода
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 2 јајца
  • 2-3 лажици рендан Кораб овчи премиум кашкавал.

Подготовка:

  1. Модриот патлиџан измијте го, па насечете го на потенки кругови без да го лупите, а потоа круговите насечете ги на ленти.
  2. Путерот нанесете го врз лентите модар патлиџан. Може да го стопите или со нежно триење да го распоредите на лентите.
  3. Зачинете со сол, црн пипер и нане, па промешајте.
  4. Додајте ја претходно сечканата пиперка и половина од коцките од доматот.
  5. Во глинен или друг помал сад, ставете да се печи на 220 степени, околу 20 минути.
  6. За тоа време, добро изматете ги јајцата со виљушка, а потоа во нив додајте го кашкавалот, преостанатиот домат на коцки и магдоносот.
  7. Печете уште 5 до 8 минути и на здравје!

Совети плус:

  • Наместо нане, може да ставите и оригано, убаво е многу и така.
  • По желба, налејте 1 лажиче Кораб јогурт одозгора.
  • Ако правите во поголема тава за повеќе лица, јајцата изматете ги со миксер.
  • Слободно бидете креативни и ,,играјте” со зеленчукот, менувајте го по желба и спрема тоа што имате дома.

Препорака од авторот:

Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Топено сирење од урда и кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: