чоколадна торта со пудинг

Чоколадна торта со пудинг и чоколаден крем

Креиравме нов рецепт и подобрен рецепт од нашата омилена чоколадна торта со пудинг! Уште побогат и полн вкус на чоколадниот фил и со сочен пандишпан. Совршен вкус за сите!

Се радуваме на родендените, а и подготовката на разни домашни јадења од кои може да се сладат најблиските. Така се роди и идејата за оваа чоколадна торта. Ви препорачуваме да ја направите, а декорацијата ја оставаме на вас!

чоколадна торта со пудинг и чоколаден крем

Состојки:

Фил:

Подготовка:

  1. Во сад за матење се ставаат јајцата и шеќерот. Се матат со миксер за да се растопи шеќерот и смесата да се згусти.
  2. Во чинија се ставаат брашното, прашокот за печиво, какаото, ванилиниот шеќер и убаво се мешаат.
  3. Потоа во садот со јајцата се додаваат млекото, маслото, смесата со брашното и се меша со лажица за да се изедначат состојките. Смесата за пандишпан се става во плех обложен со хартија за печење. Пандишпанот се пече во загреана рерна на 200 степени за време од 20 минути. Штом пандишпанот ќе се испече (проверете со чепкалка), извадете го од рерната и оставете го да се излади.
  4. Во меѓувреме, во тенџере на оган, на средна температура ставете 800 мл млеко да се вари. Во длабока чинија ставете ги пудинзите од чоколадо, додајте 6 лажици шеќер, 3 лажици брашно и 2 лажици какао. Измешајте ги и постепено додавајте 200 мл млеко, а по потреба додајте 100 мл вода. Штом млекото во тенџерето ќе зоврие, додајте ги пудинзите и константно мешајте за време од 2 до 3 минути, додека пудингот се згусти. Тенџерето со пудинг тргнете го од шпоретот и оставете го да се излади.
  5. Во тенџере на оган, на средна температура ставете 100 грама какао, 3 лажици шеќер и 240 мл млеко. Измешајте ги состојките, а штом шеќерот се растопи и смесата се згусти, тенџерето тргнете го од оган и оставете го филот да се излади.
  6. Двата чоколадни филови соединете ги и додајте го Луна крем. Изматете со миксер за да се добие хомоген фил.
  7. Изладениот пандишпан извадете го од плехот и исечете го на 3 еднакви ленти. Секоја кора попрскајте ја со млеко. Првата лента ставете ја врз чинија за торта и нанесете 1/3 од филот. Потоа ставете ја втората лента и нанесете фил. На крај ставете ја третата кора и целата торта премачкајте ја со фил. Приготвената чоколадна торта декорирајте по ваш избор со парчиња чоколадо, чоколадни трошки, мелени лешници, бадеми и слично, и секако поканете ги пријателите за дегустација! На здравје!

Совет плус: Задолжително користете пудинг од чоколадо од Витаминка за да се добие потребната цврстина на филот. Во спротивно, може да добиете многу течен фил.

Ви препорачуваме да прочитате: Атлантис торта – слатка морска идила за сечиј вкус.

*Спонзориран рецепт

Сподели: