штрудла со јаболка и цимет

Штрудла со јаболка и цимет

Кој може да одолее на штрудла со јаболка и цимет? Одличен мирис, а уште подобар вкус. Има многу рецепти за подготовка на овој десерт и сите се убави на свој начин, но ние ви предлагаме да го пробате рецептот од нашата пријателка Наташа. За кратко време и со неколку едноставни состојки направете супер вкусен десерт. 

Дождливите есенски денови исполнете ги со прекрасен мирис од вашата кујна. Направете вкусна штрудла со јаболка и цимет која ќе ја снема од чинијата додека трепнете. Послужете ја во комбинација со топол чај или кафе и уживајте.

штрудла со јаболка и цимет

Состојки:

  • 500 г готови кори
  • 1 кг рендани јаболка
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици гриз
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1/2 чаша сечкани ореви
  • 1/2 чаша суво грозје
  • цимет по вкус.

За наросување:

  • шеќер во прав.

Подготовка:

  1. Во еден сад измешајте ги јаболката, ванилиниот шеќер, гризот, оревите и сувото грозје. Ставете цимет по вкус и измешајте за состојките да се соединат.
  2. Земете 5 кори. На секоја кора, освен на последната, наросете по малку масло и наредете ги една врз друга.
  3. Ставете од филот на почетокот од корите и завиткајте ролат.
  4. Истата постапката повторувајте ја со сите кори.
  5. Ролатите ставете ги во тава за печење и сечете ги на парчиња со големина по желба. Наросете малку масло и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, додека поруменат.
  6. Испечените штрудли оставете ги да се изладат и наросете ги со шеќер во прав. Послужете ги и уживајте во вкусот. На здравје!

Препорака од авторот:

  • За подготовка на овој десерт потребни ви се тенки кори, за да добиете крцкава кора.
  • За подготовка на филот, ако имате можност користете златен делишес, бидејќи тие јаболка се најсочни.

Автор на рецепт: Наташа Ристевска (vkusni_recepti_od_mojata_kujna).

Ви препорачуваме да прочитате: Мека штрудла со фил од мак или лешници.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: