Куќните слави и имендените се традиционални семејни прослави кога се приготвува богата трпеза, која не може да се замисли без вкусните десерти. Токму за овие прилики ви нудиме избор на најдобрите 11 избрани рецепти за колачи и торти за куќна слава.
Секој крај од Македонија има своја традиција во приготвувањето на јадењата за овие убави моменти. Приготвувањето на трпезата за слава и именден има неколку разлики. Штом домаќините чекаат куќна слава, карактеристично е тоа што се служи вечера или ручек. А додека за именден на трпезата се поставуваат различни јадења кои служат како мезе на гостите.

Вечерата за куќна слава се започнува со свежа салата, потоа се служи главното јадење, кое по традиција мора да има сарма и припремен гравче тавче, а како десерт најчесто се служи баклава и некој друг десерт. За да ви го олесниме изборот на колачи и торти за куќна слава, направивме листа на најдобрите 13 проверени рецепти кои ги приготвија авторите на Сѐ за храна
Торти и колачи со фил
- Ледени коцки со цимет
- Овошна торта со фил од мандарини
- Циганска торта – раванија
- Кремаста непечена торта со овошје
- Мрзлива пита со јаболка – „лења пита“
- Кремаст колач со капинки и пудинг.
Најдобрите традиционални торти за куќна слава
- Рецепт за домашно трилече
- Чоколадни коцки со кикиритки
- Пченкарен кекс со афион
- Раванија со лешници
- Рецепт за турска раванија со гриз и кисело млеко.
Ако за славата задолжително ќе правите баклава, ви предлагаме да ги прочитате 6-те најдобри и избрани рецепти за баклава.